Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата – моментално е во бегство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата – моментално е во бегство
ХРОНИКА

Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата – моментално е во бегство

Објавено June 14, 2025 16:03
Сподели
Сподели

На  13.06.2025 година околу 18.00 часот, во СВР Велес, Е.Х.(25) од Велес, пријави дека на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23) од Велес, при што напаѓачот употребил и метален предмет, а откако неговата 27-годишна сопруга дошла на местото на настанот, тој и кон неа упатил закани, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници С.У. бил затекнат како во рацете држи  остри предмети,  му била дадена наредба да ги фрли, но истиот се оглушил на наредба, им се заканувал на полициските службеници движејќи се кон нив со намера да ги нападне, по што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух и повторно му била дадена наредба да ги фрли предметите. С.У. повторно се оглушил на наредбата,  продолжил да се движи кон полициските службеници, и бил испукан уште еден предупредувачки куршум во воздух, по што напаѓачот го фрлил едниот предмет и се дал во бегство. Биле испукани уште два предупредувачки куршуми во воздух, а С.У. и натаму бегајќи го фрлил и другиот предмет.

Предметите се пронајдени и одземени, за настанот е известен Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по лицето интензивно се трага.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Жешката“ тренерка по тенис на кошаркарот Богдановиќ (ФОТО)
Следна Статија Дејвид Бекам ја доби титулата „Сер“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформации објавени денеска од страна на една политичка партија дека наводно бил вршен притисок…

September 27, 2025
ХРОНИКА

30 дена притвор за Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“

Мерка притвор во траење од 30 дена му одреди Основниот суд – Кочани на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за…

June 10, 2025
ХРОНИКА

Вања Ѓорчевска била убиена клекната на колена

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, обвинителството презентираше детали за ужасните моменти што малолетното девојче ги…

December 20, 2024
ХРОНИКА

Приведен 72-годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка

Демиркапиец на возраст од 72 години бил приведен во полиција, по пријава дека вознемирил малолетничка, информираат денеска од Секторот за…

December 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?