Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велибор Манев во детали објасни како се случило грабнувањето на Жежовски: Палевски му испука куршум во слепоочницата на Панче!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Велибор Манев во детали објасни како се случило грабнувањето на Жежовски: Палевски му испука куршум во слепоочницата на Панче!
ХРОНИКА

Велибор Манев во детали објасни како се случило грабнувањето на Жежовски: Палевски му испука куршум во слепоочницата на Панче!

Објавено March 12, 2025 11:21
Сподели
Сподели

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите. Прв на листата е Велибор Манев кој е обвинет како соизвршител, а на товар му се ставаат кривичните дела грабнување, две убиства на свиреп начин од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие.

Тој појасни кога и како го грабнале Панче Жежовски.

-Го грабнавме на 23 ноември. На 22- ри дојдоа Влатко и Палчо за да Палевски го провери местото дали може да се изврши грабнувањето. Отидовме, го виде, и одлучи наредната вечер да го грабнеме. Наредниот ден, во раните утрински часовх, кога дојдоа пиевме кафе и кон 5.30-6 часот тргневме да го земеме Панче. Инаку, снимките што ги гледавме, од моите камери, не се совпаѓа со ова време. Отидовме кај куќата на Панче, јас Боре и Палчо. Кешишев го зема ,,реното гангу” и не чекаше кај пругата. Мислевме сам ќе излезе и чекавме до 7.45 часот. Не излезе, па Палчо преку моторола рече да му тропнеме на врата и тука да се врзе и да се земе. Јас не можев да се појавам бидејќи ме познава, ми го познава гласот. Одлучи Боре да тропне на вратат и да го бутне, а ние да притрчаме и да го врземе. Боре постапи така како што му кажа Палчо. Го бутна и Палчо влезе во предсобјето и бидејќи Панче викаше, јас се доближив, му ја ставив раката на устата. Бевме со маски, не не позна никој. Почнав да му ги врзувам рацете, а Палчо влезе во куќата. Го зема неговиот телефон, ги извади клучевите, а на нив беа и клучевите од возилото. Палчо отиде да ја запали колата, а ние го однесовме Панче да го ставиме во гепек. Се симнавме каде што не чекаше Кешишев, рече обвинетиот.

Тогаш ставиле гориво во колата на Панче.

-Додека сме го ставале горивото, Палевски го фрлил телефонот на Панче во долот. После тоа се упативме према копаната земуница, да го спуштиме долу. Поминавме покрај Романтик, по стариот пат за Скопје и кон местото Рудник. рече Манев.

Појасни дека претходната вечер со Кешишев отишле до бензинска и во две туби наполниле гориво. За време на грабнувањето рече дека комуницирале преку моторола.

-Кешишев и Палчо беа во ,,реното кангу”, а јас и Боре во колата на Панче. Го изнесовме Панче од колата, го донесовме до самиот отвор на земуницата. Му ги одврзавме рацете, за да можеме да го спуштиме по скалите. Тука не напоменав само дека Кешишев и возилото останаа 300-400 метри подалеку, а Палчо дојде со нас, во ,,цитроенот”. Откако се навеснав да го одврзувам, Палевски влета наеднаш, и му испука куршум во слепочница. Јас останав без зборови, срипав и излегов надвор од шумичката. Бев во ситуација пред колабирање. Се тресев од тоа што го видов. Го видов и Боре како излегува молчешкум од местото, а Палевски го преврте Панче со се церадата во дупката. Потоа дојде до мене и го прашав зошто ова, не требаше вака. Тој ми вика, вака е почисто, нема што да се секираш. Му реков дека не сакам вака да продолжам, зошто за такво нешто не сум ни помислил. Ми рече, го цитирам:,,Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија!, рече Манев.

Тој додаде дека по неколку дена го затрупале телото со Боре, за да не почне да мириса.

Судењето е во тек.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милошоски: Главниот актер во “канцероген мазут”, помина само со домашен притвор, борбата за реформи во судството ќе биде тешка
Следна Статија Чибишев алармира: Една од најтоксичните компоненти на мазутот е бензенот, тој внесен акутно може да го загрози животот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лишени од слобода двајца полицајци поради оддавање на службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка…

January 25, 2025
ХРОНИКА

Бизнисменка од Кавадарци проневерила милион евра па ги запалила документите

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и…

July 3, 2025
ХРОНИКА

Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се…

March 4, 2025
ХРОНИКА

(Видео) Евакуирани жители, изгоре продавница на „Синсеи“ во Неготино пред да биде официјално отворена

Голем пожар во Неготино, изгоре продавницата на брендот „Синсеи“ пред официјално да биде отворена - Пожарникарите со навремена интервенција не…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?