Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велика Британија инвестира милијарда фунти во инфраструктура за вештачка интелигенција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Велика Британија инвестира милијарда фунти во инфраструктура за вештачка интелигенција
Blog

Велика Британија инвестира милијарда фунти во инфраструктура за вештачка интелигенција

Објавено July 19, 2025 09:42
Сподели
Сподели

Британската влада планира да инвестира милијарда фунти во компјутерска инфраструктура за да го поттикне развојот на вештачката интелигенција (ВИ) и да ги зголеми државните компјутерски капацитети за 20 пати до крајот на деценијата.

Премиерот Кир Стармер го најави финансискиот пакет на Лондонската недела на технологијата минатиот месец, заедно со извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг.

Шефот на американскиот производител на чипови тогаш изјави дека Велика Британија мора да ја прошири компјутерската инфраструктура за целосно да го реализира потенцијалот на својата водечка истражувачка база за вештачка интелигенција.

Владата во Лондон вчера соопшти дека ќе ги спои најмоќните суперкомпјутери во земјата, Isambard-AI во Бристол и Dawn во Кембриџ, во системот AI Research Resource (AIRR), во соработка со партнери, вклучувајќи ги Nvidia, HPE, Dell Technologies и Intel.

Тие, исто така, најавија воспоставување мрежа на национални суперкомпјутерски центри, а првото седиште треба да биде во Единбург.

– Велика Британија има врвни експерти на полето на вештачката интелигенција и планот е да им ги обезбедиме на нашите брилијантни истражувачи, научници и инженери потребните алатки, рече министерот за наука и технологија Питер Кајл.

Истражувачите на лондонскиот универзитет веќе користат суперкомпјутер за развој на алатки за вештачка интелигенција кои би можеле да донесат револуција во раното откривање на ракот во здравствениот систем, соопшти владата.

Моментално развиваат скалабилен ВИ модел за изработка на слики во медицинската дијагностика, користејќи го ракот на простата како прв предмет на проучување. Со помош на вештачка интелигенција ги анализираат МРИ снимките и се обидуваат да идентификуваат пациенти на кои им е потребен третман во краток рок, се наведува во владиниот извештај.

САД, Кина и Индија моментално се лидери во примената на вештачката интелигенција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
Следна Статија Бугарија има најкраток работен век во ЕУ, најдолго работат Холанѓаните!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Европските контра-царини ќе ја чинат американската економија 22 милијарди евра

Мерките, чие воведување вчера го одобрија земјите членки на ЕУ како одговор на американските царини за увоз на челик и…

April 10, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Вага – сабота, 15 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денеска, ви се препорачува да се фокусирате на вашето лично развитие и да барате инспирација…

February 15, 2025
Blog

Оваа земја чува најголем број златни прачки во светот

Соединетите Американски Држави (САД) ги држат најголемите резерви на златни шипки во светот – околу 8.134 тони злато, според Светскиот…

June 2, 2025
Blog

И после 23 години, Германците сè уште разменуваат марки за евра

Минатата година, 23 години по воведувањето на еврото, германските граѓани замениле околу 53 милиони марки за европска валута. Луѓето најчесто…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?