Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велика Сабота – ден меѓу смртта и воскресението
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Велика Сабота – ден меѓу смртта и воскресението
Blog

Велика Сабота – ден меѓу смртта и воскресението

Објавено April 11, 2026 10:37
Сподели
Сподели

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.

Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој.

Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. За нас, па, ова е ден за сози на љубовта и благодарноста.

Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот. Денес сите сме крај Христовиот гроб. Се поклонуваме пред Плаштаницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот. Тоа е украсениот гроб Христов, на сред црква, пред кој стоиме и молчешкум се молиме.

Се протнуваме под неа на колена, со понизност. Го чекаме Воскресението. Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето. Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Смртта не може да Го задржи самиот Живот – Животодателот.

Саботата е денот кога, во почетокот, Бог, откако го завршил создавањето на светот и човекот, видел дека е сè добро и се успокоил, се одморил, отпочинал и овој ден станал ден на покојот.

Исто така и Христос го завршил Своето богоспасително дело до Петокот попладне и во Саботата, успокоен, во божествен покој лежел во гробот, заспан во смртен сон. Велиме заспан, затоа што и Он така рече за умрената девојка која ја воскресна од мртвите, а на луѓето што плачеа им рече: „Девојката не е умрена, туку спие“ (Матеј 9, 24; Марко 5,39; Лука 8,52).

Велика Сабота е крајот на празничноста на саботата, оттогаш престанува саботата да биде основниот празник, бидејќи потоа ќе се празнува неделата – денот на Воскресението и спасението, денот на христијанството и на новата ера, денот по Христа.

Денес одбележуваме три вашни настани: упокоението и престојот на Христа во гробот, чувањето на гробот со стража и Христовото слегување во адот (пеколот) и отворање на рајот. Богослужбата е поврзана со содржините од Библијата.

Најпрво, пред плаштаницата, се читаат текстови од пророкот Језекиил: пророштвото за воскресението од мртвите (Језек. 37,1-14), а по нив, Апостолот ни кажува за тоа дека треба да го отфрлиме стариот квас, „оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас“ – „Христос нè искупи од клетвата на Законот“ (1. Кор. 5,6-8; Гал. 3,13-14) и најпосле, Евангелието говори за запечатувањето на гробот и поставувањето стража (Матеј 27,62-66).

На Литургијата, пак, се чита Евангелието за Христовото воскресение (Матеј 28,1-20) и богослужбено оттогаш започнува Воскресението.

Само на Велика Сабота, и на утрената и на Литургијата, Евангелието не се чита од вообичаеното место: од амвонот или од дверите, затоа што овојпат се чита на Христовиот гроб, пред Плаштаницата. Зошто? – Затоа што ангелот Божји бил на гробот Христов и оттаму им ја објавил веста за Христовото воскресение на жените мироносици.

Се служи Василиева литургија, која започнува со Вечерна и свештеникот ја служи Литургијата во црни одежди, сѐ до читањето на паримиите и Апостолот (Рим. 6,3-11), по „Свети тихиј…“, а потоа, започнува празнувањето на Христовото воскресение. Се пее: „Воскресни Боже, суди и на земјата, зашто Ти владеш над сите народи“.

Притоа, свештеникот ги соблекува црните одежди и облекува бели, светли одежди, затоа што токму на оваа Литургија завршува огласувањето на огласените, односно, завршува подготовката за оние што чекале да се крстат и веднаш следи нивното крштение. Додека се читале 15 паримии, свештеникот крштевал.

Се пее: „Елици во Христа креститесја…= Вие кои во Христа се крстивте…“ Истовремено, кога свештеникот ги преоблекува одеждите од црни во бели, тогаш и на престолот во олтарот и во храмот се заменуваат црните покривалки со бели, светли.

Престолот го претставува гробот Христов, а светлите облеки се праслика на Ангелот којшто бил на гробот, со светли облеки и им ја соопштил веста за најголемата светлина – светлината на Христовото воскресение.

Затоа и ѓаконот, во светла одежда како ангелот, од средината на храмот, пред Плаштаницата го чита Евангелието и им соопштува на луѓето за Христовото воскресение. Место херувимската песна, денес се вели: „Да молчи секое човечко тело, и со страв и трепет да стои…“, а за причестувањето се пее, велејќи: „Стана како да спиеше, Оној што нас нè спасува: Алилуја“.

На Велика Сабота, пред полноќ, се внесува Плаштаницата од сред црква во олтар, молчејќи, со кадење и се поставива на Престолот, каде што останува до Спасовден, во спомен на 40-дневниот престој на Христа на земјава по Неговото воскресение. На Спасовден Господ се вознесе на небо.

Во Ерусалим, на Велика Сабота, во гробот Господов, катагодина се случува чудо: Бог го дава Светиот благодатен оган на Ерусалимскиот патријарх и преку него, на сите луѓе. Од гробот Христов, верниците го разнесуваат огнот до сите домови во Светата Земја, а поклониците (аџиите кои биле таму) го носат низ целиот свет.

Цел свет се осветлува со светлината на Христовото воскресение и светлината на Христа – Сонцето на правдата и радоста. На трпезата строг пост. Велика Сабота е единствената сабота во годината, кога постот е строг и не се јаде зејтин. Но, за поткрепа на оние што се на целодневната молитва, допуштено е и вино.

На Велика Сабота ноќта – на полноќ, се објавива најрадосната вест – веста за Христовото воскресение. Тоа е најсветлата ноќ – ноќ посветла од ден. Велигденската радост е најголемата и најсветлата радост на христијаните.

Таа е радост за најголемиот празник, за најголемиот Ден – Велигден – радост за Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Таа радост е света радост и не е споредлива со никоја друга радост. Таква радост нема и не може да има. Таа радост е вечна како радоста на блаженството – а блаженството е постојана радост на душата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Европските аеродроми стравуваат дека за три недели ќе останат без керозин
Следна Статија Земјотрес во Пехчево и Берово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Довидување, ‘Halo Infinite’ (2021-2025)

Без оглед на предизвиците и тешкиот почеток, 'Halo Infinite' порасна во нешто добро со текот на времето

November 20, 2025

Raiders want two first-round picks and a player for Maxx Crosby – NBC Sports

Crosby is available, at the right price.

March 2, 2026

Xbox CEO Asha Sharma — “This team has brought it back before, and I’m here to help us do it again.” – Windows Central

We caught up with incoming CEO Asha Sharma and newly promoted CCO Matt Booty to learn about what the future…

February 26, 2026
Blog

Фолксваген прв пат во историјата затвара фабрики, почнаа штрајкови, а на илјадници работници преку ноќ им се закануваат откази?!

Вработените во Фолксваген почнаа со предупредувачки штрајкови низ Германија, по неуспехот на разговорите за намалување на трошоците меѓу синдикатите и…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?