Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Венецуела ќе се жали пред СБ на ОН за тајните операции на ЦИА: Вашингтон планира да ја собори владата заради нафтата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Венецуела ќе се жали пред СБ на ОН за тајните операции на ЦИА: Вашингтон планира да ја собори владата заради нафтата
СВЕТ

Венецуела ќе се жали пред СБ на ОН за тајните операции на ЦИА: Вашингтон планира да ја собори владата заради нафтата

Објавено October 16, 2025 08:52
Сподели
Сподели

Владата на Венецуела изрази голема загриженост поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Њујорк тајмс“ беше првиот медиуми што ја објави веста дека САД се подготвени за тајни операции што ќе ги спроведе разузнавачката служба на ЦИА во Венецуела. Многу брзо, овие наводи беа потврдени од самиот американски претседател.

-Давам зелено светло за овие акции, рече Доналд Трамп, кој додаде дека сака да спречи пристигнување на голема количина наркотици од Венецуела во САД, но и дека јужноамериканската земја ослободува голем број затвореници, вклучително и луѓе од институции за ментално здравје, и ги испраќа во САД.

Венецуела објави дека ваквите изјави се кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации и дека подготвуваат жалба.

Венецуела, истовремено, додаде дека сите акции на САД имаат за цел соборување на сегашното раководство на Венецуела со крајна цел одземање на нивните нафтени ресурси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митески: Во функција првиот калистеника парк во Македонија
Следна Статија Германските научници пронајдоа антитело против ХИВ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Поплавите во Тексас однесоа 109 животи, над 160 лица се водат како исчезнати

Поплавите во Тексас во текот на викендот одзедоа повеќе од 100 животи, вклучувајќи и неколку деца од кампови. Разорни поплави…

July 9, 2025
СВЕТ

Цела Австрија прогласена за ризично подрачје поради појавата на птичји грип

Австриското Министерство за здравство и социјална заштита ја прогласи цела Австрија за област со зголемен ризик од птичји грип, објавија…

November 8, 2024
СВЕТ

Агенцијата Ројтерс добила огромни пари од Министерството за одбрана за голема општествена измама

Водечката светска новинска агенција Ројтерс добила огромни пари од Министерството за одбрана на САД за голема општествена измама открива шефот…

February 13, 2025
СВЕТ

Европол: 41 процент од криминалните организации користат недвижен имот за перење пари

Организираниот криминал и криминалот воопшто заработуваат огромна сума на пари, додека конфискацијата на имотот стекнат со криминал во светот е…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?