Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Венецуелската опозиција го пофали Трамп за апсењето на Мадуро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Венецуелската опозиција го пофали Трамп за апсењето на Мадуро
СВЕТ

Венецуелската опозиција го пофали Трамп за апсењето на Мадуро

Објавено January 6, 2026 12:48
Сподели
Сподели

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро, јави ДПА.

„3 јануари ќе остане запишан во историјата како ден кога правдата ја победи тиранијата“, изјави Мачадо вчера за Фокс њуз.

Американските сили во ноќта меѓу петокот и саботата нападнаа цели во Венецуела, ги заробија Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес и ги доведоа во САД, каде што сега се соочуваат со судски постапки за наводни обвиненија за дрога.

Мачадо претходно го пофали Трамп за неговиот тврдокорен пристап кон Венецуела.

„Ова е пресвртница“, рече таа во објава на Х, додавајќи дека тоа е значајно не само за венецуелскиот народ, туку и „за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“. Во друга објава, таа рече дека Венецуела ќе стане „главен сојузник на САД во прашањата за безбедноста, енергијата, демократијата и човековите права“.

По апсењето на Мадуро, Мачадо повика опозицискиот политичар Едмундо Гонзалез Урутија да биде поставен за претседател. Овој 76-годишен поранешен дипломат беше општоприфатен од опозицијата и меѓународните набљудувачи за победник на претседателските избори во 2024 година, кои беа нарушени со обвинувања за измама, потсетува ДПА.

Тој се кандидираше само затоа што на попопуларната Мачадо и беше забрането да учествува на изборите.

Трамп неодамна посочи дека Мачадо нема да игра водечка улога во Венецуела, велејќи: „Ќе биде многу тешко за неа да биде лидер. Таа нема поддршка, ниту почит во земјата“, потсетува ДПА

Во меѓувреме, лојалната заменик-претседателка на Мадуро, Делси Родригез, положи заклетва како вршител на должноста претседателка на земјата. Нејзината влада продолжува да го смета Мадуро за легитимен шеф на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рекорден откуп на риба тон за 3,2 милиони долари на аукција во Токио
Следна Статија Гласовно управување за паметните фрижидери на Samsung

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Помал данок за родителите со деца- Малта во обид да го зголеми наталитетот

Родителите на две или повеќе деца на Малта од следната година ќе плаќаат помал данок. Мерката е со цел да…

October 28, 2025
СВЕТ

Мексиканскaта претседателка до Трамп: Северна Америка би можела да се вика Мексиканска Америка

Мексиканската претседателка, Клаудија Шејнбаум, денеска изјави дека Северна Америка, вклучително и Соединетите Американски Држави, може да се преименува во „Мексиканска…

January 9, 2025
СВЕТ

Петмина загинати, меѓу кои и дете, во автобуска несреќа на автопат кај Нијагарините водопади (ВИДЕО)

Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а…

August 23, 2025
СВЕТ

Трамп: Блиску сме до договор со Харвард, ќе платат 500 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација е блиску до договор со Универзитетот Харвард и рече дека таа…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?