Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вели дека војната во Украина нема да заврши наскоро.
Според Венс, на Русите и Украинците е да постигнат договор и да го запрат, како што вели, овој брутален конфликт.
„Сега кога секоја страна ги знае мировните услови на другата страна, останува на Русите и Украинците да постигнат договор и да го запрат овој брутален конфликт“, вели Венс во интервју за „Фокс њуз“.
Тој во интервјуто вели дека Украинците се лути заради инвазијата, но она што го постави како прашање е дали ќе продолжат да губат илјадници војници за, како што вели, неколку километри територија во еден или во друг правец.
„Ова нема да води никаде. Ова нема да заврши наскоро“, додаде Венс.
Американскиот државен секретар Марко Рубио, вчера, за истата телевизија изјави дека ако наскоро не дојде до вистински пробив во војната во Украина, американскиот претседател Доналд Трамп ќе мора да одлучи уште колку време да посвети на преговарачкиот процес.