Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Венс пристигна во Будимпешта за да даде поддршка на Орбан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Венс пристигна во Будимпешта за да даде поддршка на Орбан
СВЕТ

Венс пристигна во Будимпешта за да даде поддршка на Орбан

Објавено April 7, 2026 08:44
Сподели
Сподели

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, пристигна во Унгарија синоќа за да ја изрази поддршката на претседателот Доналд Трамп за неговиот сојузник, премиерот Виктор Орбан, пред неизвесните парламентарни избори што се одржуваат оваа недела, објави „Еуроњуз“.

Венс ќе се сретне со Орбан утрово, а потоа ќе одржи говор на настанот „Ден на унгарско-американското пријателство“ во спортскиот парк МТК. „Ќе разговараме за голем број теми поврзани со односите меѓу САД и Унгарија“, изјави Венс пред новинарите додека ја напушташе воздухопловната база Ендрус во близина на Вашингтон. „Уверен сум дека дискусиите ќе се осврнат на Европа, Украина и сите други прашања“.

Претседателот Трамп постојано ја изразуваше својата поддршка за унгарскиот премиер за време на неговиот втор мандат. „Го поддржувам на претстојните избори; всушност, целосно го поддржувам“, рече американскиот претседател.

Кампањата на Виктор Орбан е фокусирана на прашања од надворешната политика, во кои тој игра важна улога преку одржување добри односи и со американскиот претседател Доналд Трамп и со рускиот претседател Владимир Путин.

Сепак, анкетите на независните институти предвидуваат убедлива победа на партијата Тиса, предводена од проевропскиот конзервативец Петер Маѓар. Од друга страна, провладините агенции ја објавуваат победата на коалицијата Фидес-КДНП на Орбан.

Откако се врати на власт, администрацијата на Трамп се откажа од традиционалната воздржаност што претходните американски влади ја покажаа кон изборите во други земји. Наместо тоа, тие сега отворено и силно ги поддржуваат лидерите што ги сметаат за идеолошки и дипломатски блиски.

Така државниот секретар на САД, Марко Рубио, ја посети Будимпешта кон средината на февруари и му посака „успех“ на својот унгарски сојузник.

„Можам со сигурност да ви кажам дека претседателот Трамп е длабоко посветен на вашиот успех, бидејќи вашиот успех е и наш успех“, рече Рубио на заедничката прес-конференција со Орбан по нивниот состанок.

Орбан е особено усогласен со администрацијата на Трамп во однос на антимигрантските политики, кои дојдоа до израз во Унгарија за време на бегалската криза пред десет години. Унгарскиот премиер неколку пати го посети одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго, во Флорида.(МИА)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јокиќ сам го победи Портланд
Следна Статија Пешачењето најлесен начин да ги изгубите вишокот килограми и да го чувате срцето од заболувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Пронајдена е мртва Џесика Абер, поранешна обвинителка на САД

Поранешната американска обвинителка за источниот округ на Вирџинија, Џесика Абер (43) била пронајдена мртва во својот дом во Александрија, соопшти…

March 23, 2025
СВЕТ

Орбан му заблагодари на Трамп: Силните луѓе прават мир, слабите војуваат

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп затоа што „храбро се заложил за мир“.…

March 1, 2025
СВЕТ

Две карти, две реалности: Зеленски и Трамп гледаат поинаку на фронтот

Петина од украинската територија е под руска окупација, а голема карта која тоа подрачје го прикажува со црвена боја беше…

August 20, 2025
СВЕТ

Прекин на струјата во Сан Франциско остана без електрична енергија илјадници жители

Нов прекин на електричната енергија во Сан Франциско остави илјадници клиенти на Pacific Gas and Electric без струја во неделата…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?