Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Верските училишта ќе влезат во државниот образовен систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Верските училишта ќе влезат во државниот образовен систем
МАКЕДОНИЈА

Верските училишта ќе влезат во државниот образовен систем

Објавено July 16, 2025 18:51
Сподели
Сподели

Владата на вчерашната седница го усвоила текстот на законот за средно образование на верските заедници. Тоа ќе овозможи богословското училиште „Свети Климент Охридски“ и исламската медреса „Иса Беј“ да влезат во државниот образовен систем.

Двете најголеми верски заедници повеќе години бараат да се донесат законски промени со кои учениците кои таму матурираат да можат да го продолжат своето образование на редовните државни или приватни универзитети во земјава.

Уставниот суд пред три месеци го укина одобрението за основање на приватно средно училиште Медреса „Иса Беј“ донесено од техничката влада предводена од Талат Џафери. Таа одлука го стави под притисок кабинетот на Христијан Мицкоски, па тој сега подготви законски измени за да се овозможи „легализирањето“.

Инаку, темата од формален аспект е актуелна речиси две децении, а најчесто зад неа стои иницијатива на функционери од редовите на ДУИ. Првиот конкретен предлог се појави во 2019 министер за образование беше Арбер Адеми.

Вицепремиерот Изет Меџити вчера ја глорифицираше оваа одлука. Според него, одлуката на Владата е историски чекор, не само за муслиманите, туку и за целото општество кое се стреми кон правда, инклузија и еднаквост, како и „победа за правото на образование, за нашето културно наследство и за почитувањето на верскиот плурализам во државата“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Италијанските затвори се преполни – може да ослободат 10.000 затвореници
Следна Статија Четири хороскопски знаци кои во август ќе донесат одлука што ќе им го промени животот на подобро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Дурмо турс“ меѓу нив: Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ако не и помогнеме на Македонија сите заедно, осмислено и стратешки мудро, ова ќе биде земја на духови и крстосница на криминалци, мигранти, зомби држава

Премиерот Христијан Мицкоски на обележувањето на државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна на Свечената академија под слоганот…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кога со Захариева преговараа за македонскиот беше нормално: Османи го боли кога чепкаат по албанскиот јазик

Бујар Османи пак е во главна улога.Поранешниот министер за надворешни работи е многу погоден што Уставниот суд се дрзнал да…

December 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во следните денови посвежо време со пороен дожд и грмежи

Времето во следните денови ќе биде посвежи и променливо облачно со повремен локален дожд, соопштуваат од УХМР. Утре и во…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?