Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Бајач од Трубарево извлекол 400 000 евра од брачен пар, за да ја симне магијата од нивниот син
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Бајач од Трубарево извлекол 400 000 евра од брачен пар, за да ја симне магијата од нивниот син
ХРОНИКА

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Бајач од Трубарево извлекол 400 000 евра од брачен пар, за да ја симне магијата од нивниот син

Објавено July 5, 2025 15:30
Сподели
Сподели

Бајач од Трубарево успеал да извлече 400.000 евра од брачен пар од Берово за да го лекува нивниот син од магии и зли сили. Тој денеска е лишен од слобода и ќе одговара за кривично дело измама.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил дека Д.И. (54) од село Трубарево, скопско во периодот од 2022 до 2025 година ги довел и ги држел во заблуда него и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности, наводен „бајач“, истерувач на духови и магии, односно како божји човек кој има моќ и сила да растури зла магија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозувала неговото здравје и живот.

Во изминатите три години, брачниот пар во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово му давале пари во висина од 5.000 до 6.000 евра за лекувањето, и на тој начин измамникот се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 400.000 евра.

Од МВР информираат дека откако измамените го пријавиле случајот, полициски службеници од СВР Штип и ОВР Берово, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, по насоки на јавен обвинител од надлежното ОЈО Кочани, ги обележале парите по што вчера во Берово од слобода биле лишени пријавениот Д.И. и неговата мајка Д.И. (76) од Трубарево, кај која при извршен претрес биле пронајдени 3000 евра.

Против двете лица е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело измама и се предадени на судија за предходна постапка во Основниот суд Кочани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Распад систем во Јунајтед, заминува половина тим
Следна Статија Челзи игра како препороден, влезе во полуфиналето на СКП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возач загина во тешка несреќа во Скопско

Вчера во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Булачани, скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу…

December 7, 2024
ХРОНИКА

Детали за случајот со Геријатрија: Директорот знаел дека пациентот е богат, барал 100.000 евра за да го смести во болницата

Директорот на болницата за Геријатрија, Мухсин Арифи, кој е осомничен за поткуп, знаел дека пациентот кој требало да се смести…

April 9, 2025
ХРОНИКА

СЕ БАРА ВОЗАЧОТ: МВР со детали за сообраќајката во која маж беше усмртен од мотор на пешачка патека

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во…

July 2, 2025
ХРОНИКА

Македонец починал на плажа во Грција

На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала, вчера починал 80-годишен македонски државјанин и покрај укажаната прва помош, јави…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?