И актерката и режисерка Весна Петрушевска против „напливот“ на музички ѕвезди од соседството на манифестациите низ македонските градови. По Цеца во Крива Паланка кон крајот на август, изминатиот викенд во Кавадарци на „Тиквешкиот гроздобер“ настапија Марија Шерифовиќ, Наташа Беквалац, Теодора Џехверовиќ…
Ова прашање крена бура од реакции во јавноста, а еве што вели Весна Бејби:
– Кога ќе има избори во Србија да ги викнат на некој градски плоштад Тони Зен, Слаткаристика, Каролина, Мизар, Тамара, Елена Ристевска, па диџеј Галоски, Наум Петрески …. башка уши ќе одморат од нивните. Мене не ми се јасни ова градоначалнициве….Цеца, Марија ….башка со наши пари!!! Па генерализираат тоа сакала публиката. Ајт мрш, Крива Паланка, Кавадарци …. приберете се!