Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вешто лице сведочеше дека Штекли е психотичен и не е во состојба да ја следи расправата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вешто лице сведочеше дека Штекли е психотичен и не е во состојба да ја следи расправата
ХРОНИКА

Вешто лице сведочеше дека Штекли е психотичен и не е во состојба да ја следи расправата

Објавено September 3, 2025 16:57
Сподели
Сподели

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, пред Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше вештото лице на одбраната, Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, кој даде психијатриска проценка за обвинетиот Раде Трајковски – Штекли, осомничен за учество во организирана продажба на дрога, проценувајќи го како психотичен.

Хаџи Ангелковски го посетил Трајковски во затворот „Скопје“, каде интервјуто, како што рече, траело подолго од вообичаено. Во своето сведочење, тој истакна дека состојбата на обвинетиот е значително променета во однос на претходното вештачење кое го извршил пред седум до десет години, кога кај Трајковски била констатирана епилепсија.

-Не е тоа истата личност која што ја видов сега во затворот, изјави Хаџи Ангелковски, нагласувајќи дека кај обвинетиот се забележуваат психотични состојби со шизофрени карактеристики.

Според вештото лице, Трајковски покажува верување во реинкарнација и тврди дека е воден од „учител“ кој го пренесува од тело во тело. Дополнително, тој верува во фиктивна личност која „му наредува што да прави и како да постапува“.

-Не се работи за здрава личност која имитира лудак, потенцираше Хаџи Ангелковски, додавајќи дека обвинетиот е студен, афективно неангажиран, раздразлив и параноиден – поставил камери дома и е убеден дека е следен.

Одбраната тврди дека Трајковски не е во состојба да ја следи судската постапка, додека обвинителството останува на ставот дека тој е апсихотичен и способен за учество во расправата.

На прашање на судот дали „Трајковски е тотално „вон себе“, вештото лице одговори не.

Судењето продолжува на 5 септември со сведочење на вештите лица на предлог на обвинителството.

Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи вештите лица од двете страни пред да донесе одлука дали ќе се прифати едно од вештачењата или ќе се нареди ново.

Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

На претходното рочиште, исто така, четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков – поднесоа предлог за признавање вина, по што судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

Според обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ најави летачки автомобили во Србија догодина
Следна Статија СДСМ: Претседателот треба да биде фактор на стабилност и обединување, а не продолжена рака на владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Сведоштва на преживеани во трагедијата во Кочани: Сестра ми е изгубена, не можеме да ја најдеме во никоја болница

Марија Тасева, 20-годишна девојка која е една од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, пред камерата на МИА сведочеше…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Возач на комбе извршил полови дејствија врз малолетна патничка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(58) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово…

June 4, 2026
ХРОНИКА

Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во…

November 30, 2024
ХРОНИКА

Тошковски: Уапсени осум лица за инцидентите со македонското знаме

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, на денешната прес-конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се осум…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?