Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди
ХРОНИКА

Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди

Објавено May 16, 2025 14:17
Сподели
Сподели

Обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, беше образложено од страна на Обвинителството на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче.

Судењето денеска продолжи со нови докази што ги презентира Обвинителството, дополнувајќи ја доказната постапка. Меѓу новите елементи е одговорот на барањето за податоци од 7 април 2023 година, во кое се доставува листа од електронската евиденција за работното место на обвинетиот Боре Видевски. Според приложената документација од ЈКП Древен Велес, Видевски не бил присутен на своето работно место на 22 и 27 ноември, деновите на убиството на Вања и Панче.

Обвинителството образложи дека нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, што ја оневозможува споредбата на неговото оружје со чаурата пронајдена при увидот во местото викано Рудник во Велес. 

Според известувањето на надлежните органи, чаурата била внесена во системот за автоматска компарација, но анализата не покажала поклопување со претходно внесени податоци од кривично-правни настани во земјата.

– Видно од известувањето, доставен е одговор дека во извештајот, меѓу другото, е наведено дека, предметната чаура потекнува од муниција со калибар 9мм од производителот Сувенир, Македонски Брод, произведена во 2002 година. Истата поседува траги од испалување со идентификациони значење, механичките траги од испалување се внесени во системот за автоматска компарација и не се постигнати совпаѓање и вклопување на трагите, односно не се постигнати поврзувања со внесените чаури во системот кои потекнуваат од кривично правни настани на територија на РСМ. Компаративна анализа била направена на предметната чаура и во однос на пиштолот зброевка, од обвинетиот Боре Видевски, и се известува дека со оглед на тоа дека нема податоци за извршено пробно испукување за наведеното оружје, не е направена споредба и се појаснува дека без доставени чаури, од пробно испукување од конкретното оружје не може да се врши компаративна анализа со предметната чаура, наведе Обвинителката.

Првообвинетиот Љупчо Палевски во врска со новио доказен материјал рече дека Обвинителството, со задоцнување од една година, се обидува да изгради алиби за себе поради, како што рече,  „непостапување во откривањето на критичните елементи на случајот“. 

– Ова е класично покривање на лошата истрага и непостапување во однос на оружјето, рече Палевски.

Судењето продолжи со изведување на докази од страна на Обвинителството, фото-документација за комуникација на Љупчо Палевски со лицето Ерол Османи кој како сведок беше испитан во текот на оваа постапка.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 45.000 евра казна и затворање на погонот на „Екопор“ поради излевањето на хемикалии во Пинтија
Следна Статија Муцунски: Планот А е полноправно членство во ЕУ, од Брисел очекуваме предвидливост, а не решение по секоја цена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж паднал од тротинет, не побарал помош, па починал по неколку дена

Починат 55-годишен скопјанец бил однесен во ГОБ „8 Септември“. Според пријавеното тој на 31 јули паднал од тротинет но не…

August 3, 2025
ХРОНИКА

Старица од Скопје измамена за 36.300 евра за лажна сообраќајна несреќа

Уште една измама во Скопје со лажна сообраќајна несреќа. 71-годишна жена била измамена за сума од 36.300 евра. Како што…

October 17, 2025
ХРОНИКА

Старица измамена за 2500 евра од лажен доктор

На 19.12.2025 во 13:40 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден била измамена од машко…

December 20, 2025
ХРОНИКА

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?