Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди
ХРОНИКА

Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди

Објавено May 16, 2025 14:17
Сподели
Сподели

Обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, беше образложено од страна на Обвинителството на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче.

Судењето денеска продолжи со нови докази што ги презентира Обвинителството, дополнувајќи ја доказната постапка. Меѓу новите елементи е одговорот на барањето за податоци од 7 април 2023 година, во кое се доставува листа од електронската евиденција за работното место на обвинетиот Боре Видевски. Според приложената документација од ЈКП Древен Велес, Видевски не бил присутен на своето работно место на 22 и 27 ноември, деновите на убиството на Вања и Панче.

Обвинителството образложи дека нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, што ја оневозможува споредбата на неговото оружје со чаурата пронајдена при увидот во местото викано Рудник во Велес. 

Според известувањето на надлежните органи, чаурата била внесена во системот за автоматска компарација, но анализата не покажала поклопување со претходно внесени податоци од кривично-правни настани во земјата.

– Видно од известувањето, доставен е одговор дека во извештајот, меѓу другото, е наведено дека, предметната чаура потекнува од муниција со калибар 9мм од производителот Сувенир, Македонски Брод, произведена во 2002 година. Истата поседува траги од испалување со идентификациони значење, механичките траги од испалување се внесени во системот за автоматска компарација и не се постигнати совпаѓање и вклопување на трагите, односно не се постигнати поврзувања со внесените чаури во системот кои потекнуваат од кривично правни настани на територија на РСМ. Компаративна анализа била направена на предметната чаура и во однос на пиштолот зброевка, од обвинетиот Боре Видевски, и се известува дека со оглед на тоа дека нема податоци за извршено пробно испукување за наведеното оружје, не е направена споредба и се појаснува дека без доставени чаури, од пробно испукување од конкретното оружје не може да се врши компаративна анализа со предметната чаура, наведе Обвинителката.

Првообвинетиот Љупчо Палевски во врска со новио доказен материјал рече дека Обвинителството, со задоцнување од една година, се обидува да изгради алиби за себе поради, како што рече,  „непостапување во откривањето на критичните елементи на случајот“. 

– Ова е класично покривање на лошата истрага и непостапување во однос на оружјето, рече Палевски.

Судењето продолжи со изведување на докази од страна на Обвинителството, фото-документација за комуникација на Љупчо Палевски со лицето Ерол Османи кој како сведок беше испитан во текот на оваа постапка.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 45.000 евра казна и затворање на погонот на „Екопор“ поради излевањето на хемикалии во Пинтија
Следна Статија Муцунски: Планот А е полноправно членство во ЕУ, од Брисел очекуваме предвидливост, а не решение по секоја цена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Нови апсења во Кочани: Приведени се 13 началници и полицајци

Нови апсења денеска во Кочани, а поврзани со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 лица,…

June 12, 2025
ХРОНИКА

Поднесено обвинение за обид за братоубиство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице, за кое од доказите произлегува основано…

December 10, 2025
ХРОНИКА

Триесет и тригодишен затвореник починал во Охридската болница

Триесет и тригодишно лице од струшкото село Октиси, во тешка здравствена состојба починало во Болницата во Охрид – соопшти денеска…

November 25, 2025
ХРОНИКА

Се запали новогодишната елка кај ТЦ „Бисер“

На социјалните мрежи пред малку беа објавени фотографии на кои се гледа дека гори новогодишната елка која се наоѓа во…

December 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?