Министерството за внатрешни работи на Франција објави дека 675 лица се уапсени по протестот „Блокирај сè“.
Полицијата во Франција брутално се справи со демонстрантите кои претходно ги нападнаа.
Како што може да се види на достапните видеа, демонстрантите фрлале разни предмети кон полицијата, а набрзо добиле одговор во форма на водни топови, солзавец и гумени куршуми.
Министерството за внатрешни работи објави дека 675 лица се уапсени по протестот „Блокирај сè“, од кои 280 во парискиот регион.
549 лица се приведени, меѓу кои 164 во Париз.
Шефот на париската полиција, Лоран Нуњез, изјави дека имало неколку инциденти во текот на ноќта, особено на Плоштадот Холидеј.т.
Најмалку 175.000 луѓе учествуваа во протестите низ цела Франција, а беа одржани вкупно 550 собири. Демонстрантите палеа контејнери, го нарушуваа сообраќајот и повремено се судираа со полицијата, изразувајќи противење на претседателот Емануел Макрон, политичкиот естаблишмент и најавите за намалување на буџетот.
Следниот протест е закажан за 18 септември, а полицијата најавува продолжување на она што го нарекува „системско деблокирање“ на сите критични точки.