Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Арсенал го елиминира Реал, Интер ја преживеа драмата во Милано
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Арсенал го елиминира Реал, Интер ја преживеа драмата во Милано
СПОРТ

(Видео) Арсенал го елиминира Реал, Интер ја преживеа драмата во Милано

Објавено April 17, 2025 08:41
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Интер и Арсенал им се приклучија на Барселона и Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Топчиите“ го елиминираа европскиот шампион Реал, победија во Мадрид со 2:1 и со вкупен резултат 5:1 се пласираа во полуфиналето. Во Милано Интер и Баерн одиграа 2:2, италијанскиот шампион со вкупни 4:3 влезе меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Реал не успеа да направи уште едно чудо на „Бернабеу“ во Мадирд. По поразот 3:0 во Лондон, Реал имаше тешка задача и уште потежок противник. Арсенал упте еднаш тактички одигра перфектно.

Ритамот и концентрацијата не им ги поремети ниту промашениот пенал на Букајо Сака во 12.минута. Несериозно, Сака се обиде со „Паненка“, но лошо го направи тоа и Тибо Куртоа го прочита одбрани.

Реал го имаше поседот на топката, но тоа не му донсе резултат. Како одминуваше натпреваро видлива беше нервозата кај играчите во бели дресови. Колку беа немоќни најдобро покажува податокот дека во текот на целиот меч немаа ниту една сериозна шанса, а првиот удар во рамките на голот го упатија во 58.минута.

Сака беше тој што му донесе водство на Арсенал во 65. минута. Само две минути подоцна Винисиус успеа да израмни, по катастрофалната грешка на Вилијам Салиба, но тоа беше се од Реал.

Мадриѓаните сакаа барем почесна победа, но наместо тоа Мартинели погоди во третата минута од судиското надополнување и им донесе нова победа и големо славје на „топџиите“ во Мадрид.

Арсенал во полуфиналето ќе игра против Пари Сен Жермен, кој во претходните две кола елиминира два англиски клуба Ливерпул и Астон Вила.

Многу поголеми возбудувања и неизвесност имаше на „Џузепе Меаца“ во Милано. Интер во реваншот влезе со предност од 2:1, по дуелот во Минхен.

Сите четири гола беа постигнати во вториот дел. Баварците поведоа со голот на Хари Кејн во 52. минута и ја најавија драмата.

Меѓутоа, Интер многу брзо не само што возврати, туку целосно го сврте резултатот. Само девет минути подоцна веќе беше 2:1 за „нероаѕурите“.

Најпрвин Лаутаро Мартинез го постигна 150-от јубилеен гол за тимот од Милано, а потоа Бенџамин Павард ја погоди мрежата на својот поранешен клуб.

Гостите не се предадоа и Ерик Даер успеа да израмни во 76. минута, со прекрасен гол од мртов агол.

До крајот на мечот Баерн напаѓаше во бранови, пропушти неколку добр шанси, од кои две во последните 90 секунди преку Милер и Коман, но не успеа да избори продолженија.

Во полуфиналето Барселона ќе игра против подобриот од двата меча Интер – Баерн, додека Пари Сен Жермен ривал ќе биде Арсенал или Реал Мадрид.

Полуфиналните натпревари се закажани за 29 и 30 април, реваншите на 6 и 7 мај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илјадници Македонци ќе се разочараат: Од 25 април поскапуваат производите на ТЕМУ
Следна Статија Можни знаци на живот пронајдени на далечна планета: „Ова можеби е момент на пресврт“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

33-годишен хрватски фудбалер загина во тешка сообраќајна несреќа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 33-годишниот фудбалер од Хрватска, Иван Кожул. Како што јавија хрватските медиуми, несреќата кај Задар се…

November 30, 2024
СПОРТ

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска. Македонската репрезентација остана на истата позиција…

January 20, 2026
СПОРТ

(Видео) Салах спречи пораз на Ливерпул кај Арсенал

Без победник (2:2) заврши големото дерби во Премиер лигата меѓу Арсенал и Ливерпул. Нерешениот резултат на „Емирејтс“ го врати Манчестер…

October 27, 2024
СПОРТ

Ониe кои гледаа во детството ќе се сетат на Сабу: Почина најпознатиот американски кечер

Познатиот борец во американското борење, Сабу, почина на 60-годишна возраст. Легендарниот Тери Бранк почина само 25 дена по неговата последна…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?