Седум натпревари се одиграа во ударниот термин од 21 часот во третото коло од Лигата на шампионите. Натпреватите ги обележаа убедливите победи на Арсенал над Атлетико Мадрид (4:0), ПСВ над Наполи (6:2), а ПСЖ победи во Леверкузен со (7:2).
Атлетико Мадрид на „Емирати“ во Лондон, влезе во црна дупа во периодот од 57-та до 70-та минута. Тогаш Арсенал постигна четири гола. До првиот гол, ривалите беа рамноправни на теренот и покрај тоа што Арсенал имаше повеќе од поседот на топката.
Наполи никогаш во историјата не примил шест гола во Лигата на шампионите. Тоа му се случи вечерва во Ајндховен. Наполитанците водеа со 0:1, а потоа им се случи вистински потоп.
Актуелниот европски првак, ПСЖ, држеше час по фудбал во Леверкузен. Избраниците на Луис Енрике седум пати ја погодија мрежата на Баер. Еден гол постигна и „Златната топка“, Усман Дембеле, кој го одигра првиот натпревар уште одд крајот на август.
Резултати: Копенхаген – Борусија Дортмунд 2:4, Њукасл – Бенфика 3:0, ПСВ Ајндховен – Наполи 6:2, Арсенал – Атлетико Мадрид 4:0, Виљареал – Манчестер Сити 0:2, Унион СЖ – Интер 0:4 и Баер Леверкузен – Пари Сен Жермен 2:7