Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Баерн во 94.минута се спаси против Селтик, Феенорд го елиминира Милан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Баерн во 94.минута се спаси против Селтик, Феенорд го елиминира Милан
СПОРТ

(Видео) Баерн во 94.минута се спаси против Селтик, Феенорд го елиминира Милан

Објавено February 19, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Клуб Бриж, Баерн Минхен, Феенорд и Бенфика се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Феенорд успеаја да се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако ремизираа на „Сан Сиро“ против Милан во реваншот 1:1.

„Росонерите“ имаа уште подобар старт во реваншот. Мечот практично не ни започна, а Милан поведе со голот на поранешниот најдобар стрелец на Феенорд, Мексиканецот Сантијаго Хименез. Во 36.секунда Хименез постигна гол.

Во 23. минута можеше да биде 2:0, кога голманот на гостите Тимон Веленрајтер го одбрани ударот на Жоао Феликс, а потоа Тео Ернандез ја погоди стативата.

Во финишот на првото полувреме одлична шанса имаше и Рафаел Леао, но домашните на одмор заминаа со гол предност.

И второто полувреме започна со иницијатива и шанси на играчите на Милан, а потоа Тео Ернандез капутенот на Милан му направи штета на својот тим. Се обиде да избори пенал, доби втор жолт, автоматски црвен картон и ги остави соиграчите на цедило до крајот на натпреварот.

Од тој момент играчите на Феенорд ја презедоа инцијативата, која вроди со плод во 73.минута кога резервниот напаѓач Карабца, постигна убав гол по центрашутот на Буено.

По Милан, италијанскиот фудбал остана без уште еден тим во елитното натпреварување. Актуелниот освојувач на Лига Европа, Аталанта, не успеа да ја оправда фаворитдката улога против Бриж.

Шампионите на Белгија, вечерва во Бергамо победија со 3:1.

Аталанта промаши буквално се на овој натпревар, а Бриж максимално ги користиеше своите шанси. Тинејџерот Талби постигна два гола во третата и 27.минута, а Џутла зголеми на 0:3 во финишот на првиот дел . Лукнан погоди веднаш на стартото на второто полувреме, а сите надежи на Аталната дека може да се врати во натпреварот пропаднаа во 38.минута кога Мињоле му одбрани пенал на Лукман.

Баерн, во Минхен се мачеше против Слетик. Гостите од Глазгов имаа две добри шанси во првиот дел, но резултатот на семафорот не се смени се до 63.минута, кога Кун ја искористи грешката на Кин.

Баварците избегнаа продолженија, буквално во последните секунди, со среќниот гол на Дејвис.

Во Лисабон, Бенфика водеше, па два пати губеше од Монако, а во 81.минута Кокчу ги постави конечните 3:3.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марко Трајановски европски младински шампион во ММА (ВИДЕО)
Следна Статија Стопанската комора на трговци на големо и мало со реакција на владините одлуки за ограничување на маржите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Јокиќ се врати и со Вестбрук испишаа историја

Денвер го совлада Бруклин со 124:105, во натпревар во кој Никола Јокиќ и Расел Вестбрук испишаа историја во НБА лигата.…

January 11, 2025
СПОРТ

Разлики помеѓу Honda K20 и K24 моторите

K20 и K24 моторите на Honda се разликуваат по својата големина и моќ. K24 е поголем и генерално има повеќе…

February 9, 2026
СПОРТ

Дали и вечерва на „Сан Сиро“ ќе се случи чудо како во 1988 година?

Денеска на Сан Сиро во меч од Лигата на шампионите играат Милан и Црвена звезда. Овој меч за постарите љубители…

December 11, 2024
СПОРТ

Мемфис го совлада Далас, Мајами преку Атланта до место во разигрување за титулата

Кошаркарите на Мемфис Гризлис го совладаа Далас Маверикс со 120-106, додека Мајами хит беше подобар од Атланта хокс со 123-114…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?