Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина

Објавено December 5, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Од Националниот парк „Шар планина“ денеска со видео објава споделија убава вест. Ја споделија радоста дека имаат принова – ново мало рисче.

„На една од нашите трап-камери забележавме мајка рис со малечко, и двете во одлична здравствена состојба. Со ова, бројката на документирани рисови на Шара се зголемува од 1 на 3 единки! По успехот минатата година, кога првпат снимивме мажјак на локалитетот Лешница, денес со огромна радост објавуваме дека и мајка со младенче е регистрирана на територија на Општина Боговиње. Овој историски момент е резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на нашиот тим“, информираат од НП „Шар планина“.

А најубавиот дел, како што велат е дека, колегата кој ја регистрирал снимката, ја добил честа да го даде и името.

„Мајката ја именувавме Сибел“, велат од Националниот парк.

Во објавата на Фејсбук, од Националниот парк „Шар планина“ споделија интересни факти за балканскиот рис:

  • Балканскиот рис е територијално животно – секоја единка зазема голема територија, понекогаш и над 40 km². Тоа значи дека на Шар Планина може да се очекуваат многу мал број стабилни единки, но секој ново потврден рис е огромен чекор напред за видот.
  • Храната на рисот главно се состои од: срна, дива коза, зајак, еребица, ситни цицачи и други видови кои се дел од шумскиот екосистем.
  • Популациите на неговиот плен на Шара полека но стабилно растат, што создава подобри услови за опстанок на рисот.
  • На територијата на НП Шар Планина ловот е целосно забранет, со што директно се придонесува кон заштита на рисот и неговиот плен.

Од Националниот парк исто така посочија дека оваа снимка ја потврдува важноста од континуираниот мониторинг и вложувањето во заштита на биодиверзитетот. Балканскиот рис е критично загрозен вид, а секој ваков момент, велат дека им враќа надеж и им покажува дека нивните напори носат резултати.

„А денес, во ЈУ Национален парк Шар Планина, славиме со мекици! Зашто вакви моменти се слават – со тимски дух, благодарност и голема радост“, порачаа од таму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина глумецот Кари-Хиројуки Тагава
Следна Статија Форбс: Синот на Трамп, Ерик десеткратно го зголеми своето богатство откако неговиот татко се врати во Белата куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Смешен момент кој го освои интернетот: Џеф Безос падна во дупка додека ја чекаше својата вереница од вселената (ВИДЕО)

Основачот на Amazon и Blue Origin, Џеф Безос, падна во дупка во пустината во Тексас додека трчаше да ја пречека…

April 15, 2025
ЗАБАВА

Влатко Стефановски му го подари албумот „London Sessions“ на кралот Чарлс во Лондон

Еден од најпознатите и најценети гитаристи од овие простори, Влатко Стефановски, имаше исклучителна чест лично да се сретне со кралот…

October 23, 2025
ЗАБАВА

Овие знаци ќе процветаат во јули- ги очекува одличен период

Почетокот на летото е одличен период за 4-те хороскопски знаци, според астролозите. Астролозите велат дека јули е полн со интензивни…

July 2, 2025
ЗАБАВА

Xbox архитект наговестува возбудлива 2026 година за Xbox

Xbox Ally X добива посебно внимание, а забелешките на Џејсон Роналд за наследството на Xbox и претстојната 25-годишнина даваат надеж…

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?