Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина

Објавено December 5, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Од Националниот парк „Шар планина“ денеска со видео објава споделија убава вест. Ја споделија радоста дека имаат принова – ново мало рисче.

„На една од нашите трап-камери забележавме мајка рис со малечко, и двете во одлична здравствена состојба. Со ова, бројката на документирани рисови на Шара се зголемува од 1 на 3 единки! По успехот минатата година, кога првпат снимивме мажјак на локалитетот Лешница, денес со огромна радост објавуваме дека и мајка со младенче е регистрирана на територија на Општина Боговиње. Овој историски момент е резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на нашиот тим“, информираат од НП „Шар планина“.

А најубавиот дел, како што велат е дека, колегата кој ја регистрирал снимката, ја добил честа да го даде и името.

„Мајката ја именувавме Сибел“, велат од Националниот парк.

Во објавата на Фејсбук, од Националниот парк „Шар планина“ споделија интересни факти за балканскиот рис:

  • Балканскиот рис е територијално животно – секоја единка зазема голема територија, понекогаш и над 40 km². Тоа значи дека на Шар Планина може да се очекуваат многу мал број стабилни единки, но секој ново потврден рис е огромен чекор напред за видот.
  • Храната на рисот главно се состои од: срна, дива коза, зајак, еребица, ситни цицачи и други видови кои се дел од шумскиот екосистем.
  • Популациите на неговиот плен на Шара полека но стабилно растат, што создава подобри услови за опстанок на рисот.
  • На територијата на НП Шар Планина ловот е целосно забранет, со што директно се придонесува кон заштита на рисот и неговиот плен.

Од Националниот парк исто така посочија дека оваа снимка ја потврдува важноста од континуираниот мониторинг и вложувањето во заштита на биодиверзитетот. Балканскиот рис е критично загрозен вид, а секој ваков момент, велат дека им враќа надеж и им покажува дека нивните напори носат резултати.

„А денес, во ЈУ Национален парк Шар Планина, славиме со мекици! Зашто вакви моменти се слават – со тимски дух, благодарност и голема радост“, порачаа од таму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина глумецот Кари-Хиројуки Тагава
Следна Статија Форбс: Синот на Трамп, Ерик десеткратно го зголеми своето богатство откако неговиот татко се врати во Белата куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Новите бои на Samsung Galaxy S26 Ultra: Иновативен дизајн или конзервативен пристап?

Истекувањата покажуваат дека Samsung подготвува интересна палета на бои за својот најнов Ultra модел

January 22, 2026
ЗАБАВА

Скопјанката Агнеса Русомаровска (12) ја воодушеви публиката во „Карнеги хол“ во Њујорк

На натпреварот American protege кој што се одржува секоја година во Карнеги Хол, Њујорк, на 27ми декември 2024 настапи и…

January 8, 2025
ЗАБАВА

Персоналот на хотелот под истрага, сокрил дрога во кутија за сапун во собата на Лиам Пејн

Вработените во хотелот во Буенос Аирес каде што Лиам Пејн почина по пад од објектот, се под истрага под сомнение…

October 21, 2024
ЗАБАВА

Девојката на Џејк Пол го привлече вниманието со своето издание на мечот против Тајсон (ВИДЕО)

Јутјуберот и боксерот Џејк Пол го победи славниот Мајк Тајсон, а на синоќешниот меч негов најголем поддржувач беше неговата девојка…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?