Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Бектеши и Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Бектеши и Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Бектеши и Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани

Објавено March 17, 2025 20:18
Сподели
Сподели

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште едно лице вечерва се спроведени на сослушување во ОЈО Кочани во врска со трагедијата во дискотека во Кочани во која во пожар животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени.

За Бектеши како и за други лица, според информации од обвинителството, ќе се бара краткотраен притвор.

Од ОЈО Кочани откако беше сослушан претходно попладнево заминал кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов, кој ги избегнал медиумите. За него се уште не се знае дали е меѓу осомничените за трагедијата.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесуирање на 14 осомничени.

Тој информираше дека се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Изјавата на дете од Кочани: Поради таа клета корупција умреа многу невини луѓе
Следна Статија Тошковски: Ќе ѝ се згрози на македонската јавност кога овој предмет во детали ќе биде расветлен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На јавниот повик за ангажирање лица за справување со пожарите пријавени помалку од 500 кандидати

Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија

Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија и натпатникот на улица Железничка, во должина од 550 метри,…

December 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паркира кој каде ќе му текне (ФОТО)

Паркирањето во Центар е вистински хаос, не се почитуваат ниту сообраќајните знаци, ниту паркинг местата предвидени за автомобилите. Така е…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Угостителите и понатаму ќе плаќаат по 5 денари од квадрат за летните тераси

Иако веќе четири години се укинати мерките за заштита од ковид-19, угостителите во Скопје сè уште уживаат повластена цена од…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?