Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Бизнис – рестарт на Мијалкови, сакаат да се вратат на познат терен, во две големи производствени компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Бизнис – рестарт на Мијалкови, сакаат да се вратат на познат терен, во две големи производствени компании
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Бизнис – рестарт на Мијалкови, сакаат да се вратат на познат терен, во две големи производствени компании

Објавено March 26, 2025 21:16
Сподели
Сподели

Мијалкови преку компанијата “Бест Веј Инвестмент” сакаат да го вратат сопствеништвото врз “Софија градба”- компанија која е најголем акционер во Земјоделскиот комбинат “Пелагонија” и речиси целосен сопственик на фабриката за млечни производи “Здравје Радово”, објави ТВ 24.

Според информациите објавени од Комисијата за заштита на конкуренцијата до каде пак на почетокот на месецов стигнало известување дека “Бест Веј Инвестмент” чиј сопственик е Јордан Мијалков синот на екс директорот на УБК Сашо Мијалков заедно со “Орка Холдинг” сакаат да стекнат заедничка контрола над “Софија Градба” преку купопродажба на удели поделени на 50-50.

Инаку “Орка Холдинг” веќе е сопственик на “Софија Градба”, а вториот актуелен содружник е “Делта 2015 Констракшн”.

„Друштвото за градежништво, трговија и услуги БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје и Друштвото за производство, трговија и услуги ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје поседуваат по 50 отсто од уделите во Друштвото за градежништво, трговија и услуги СОФИЈА ГРАДБА ДОО Скопје со седиште на ул.Орце Николов бр. 71/1 Скопје, а со тоа имаат и заедничка контрола врз ова друштво“, констатира КЗК во известувањето објавено на 17 март.

Од “Орка Холдинг” пак го демантираат известувањето на Комисијата,негираат дека имаат било каков партнерски однос со семејството Мијалкови.

„Уделот на ‚Бест веј’ е продаден на фирма поврзана со семејството на Цветан Панделевски, меѓутоа поради манипулации на акционерите во ‚ЗК Пелагонија’ која има за цел преземање на комбинатот, таа купопродажба на акции не е заведена во Централниот регистар веќе пет години“, објаснуваат од ОРКА Холдинг.

Инаку Мијалкови преку” Бест Веј Инвестмент” и претходно беа сопственици на “Софија Градба” но со отворањето на случајот „Империја“ ја загубија сопственоста.

“Бест Веј Инвестмент” во моментов го поседува Омпетрол Оил, друштво кое во своето портфолио ги има бензинските станици „Бест Веј Оил“, „Мериот Хотел – Скопје“градежната компанија „Девелоп Груп“ која пак го гради хотелот во Охрид на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје за кого граѓанските активисти од Охрид СОС обвинуваат дека дозволите за градба се добиени со непочитување на законите.

Инаку Мијалков беше гонет за повеќе случаи и доби вкупно 24 години затвор за „Империја“, „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Плацови на Водно“ но од сите нив само за Империја беше на издржување тригодишна казна во струшкиот затвор кој е од отворен тип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано
Следна Статија (ВИДЕО) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Oва се 22-те нови дестинации од скоппскиот и охридскиот аеродром

Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Родителите со порака до пратениците: Голема НЕ(благодарност) за поддршката

Попладнево во Кочани започна уште еден протест за подршка на семејствата на жртвите и повредените во страшниот пожар во кој…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одѕивот на локалните избори за првпат најверојатно нема да надмине 50 проценти во првиот круг

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според подфатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот…

October 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: 20 автомобили со албански знамиња поминуваат патарина без да платат – ИТЕН НАЛОГ ЗА ПРОВЕРКА

Со вклучени трепкачи дваесетина возила ја поминуваат патарината на автопатот Гостивар-Скопје без да платат. Со албански знамиња на автомобилите, застанати…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?