Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Бразилскиот Роналдо „мртов“ пијан – едвај стигна до автомобилот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Бразилскиот Роналдо „мртов“ пијан – едвај стигна до автомобилот
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Бразилскиот Роналдо „мртов“ пијан – едвај стигна до автомобилот

Објавено May 5, 2025 18:49
Сподели
Сподели

Легендата на бразилскиот фудбал, воедно и претседател на шпанскиот прволигаш Реал Ваљадолид – Роналдо Назарио (48) се најде во центарот на скандал откако на социјалните мрежи се појави снимка на која тој излегува од ресторан во Мадрид.

View this post on Instagram

A post shared by Daniel Garcia (@danibigbaam)

Инцидентот се случи само неколку часа по поразот на неговиот клуб од Барселона, што дополнително го разгори гневот на навивачите, веќе фрустрирани поради испаѓањето на клубот од Ла Лига.

Видеото кое брзо стана вирално го објави здружението на навивачи на Реал Ваљадолид. На видеото се гледа како Роналдо очигледно под силно дејство на алкохол се сопнува и едвај одржува рамнотежа додека се спушта по скалите пред познатиот мадридски ресторан. Неговите придружници мораа да му помогнат да стигне до автомобилот, што предизвика уште поголемо негодување и осуда кај навивачите кои и онака ретко го гледаат својот претседател.

Навивачите протестираат против управата на клубот и раководството на Роналдо со недели, а неговото очигледно непочитување на клупските обврски и овој последен инцидент само ги потврдија нивните најлоши стравови.

Она што дополнително ги иритира навивачите е фактот што Роналдо не присуствуваше на клучниот натпревар против Барселона на стадионот „Нуево Хозе Зорила“. Покрај тоа, ова стана негова вообичаена практика во текот на целата сезона.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Интер беше виден во ложата на стадионот на Реал Ваљадолид само еднаш оваа сезона, на отворањето на лигата, против Еспањол.

Наместо да го поддржи својот тим во тешките моменти од борбата за опстанок, Роналдо попладнето го помина на финалето на тенискиот Мастерс 1000 турнир во Мадрид, по мечот меѓу Каспер Руд и Џек Дрејпер. Овој потег многу навивачи го толкуваат како врв на непочитување и јасен знак дека неговите лични задоволства се поважни од судбината на клубот чијшто тој е мнозински сопственик и претседател.

Реакциите на навивачите беа жестоки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сите 133 кардинали пристигнаа во Рим за изборот на нов папа
Следна Статија Сезоната почна, а на Грција и недостигаат 80.000 работници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Спасен го спаси достоинството на македонските музичари: Одбил огромни пари за да го препее македонскиот хит на српски (ВИДЕО)

Еден од најпопуларните македонски пејачи и автори Спасен Сиљановски го спасил достоинството на македонските музичари откако одбил огромни пари за…

August 11, 2025
ЗАБАВА

Утре започнува Вевчанскиот карневал

Во недела вечерта, на 12 февруари, созабавно-уметничка програма и концертните настапи на домашни и регионални изведувачи започнува „ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ“, чија…

January 11, 2025
ЗАБАВА

Играч од Калифорнија освои 1,22 милијарди долари на лотарија

Жител на Калифорнија ја освоил главната добивка на американската лотарија „Мега милионс“, вредна 1,22 милијарди долари (милијарда и 220 милиони).…

December 28, 2024
ЗАБАВА

Светот во раце, добредојде Лиана: Мартин од „Некст Тајм“ стана татко

Музичарот Мартин Филиповски од дуото „Некст Тајм“ стана татко. Неговата сопруга, ракометарката Андреа Белеска на свет донесе девојче кое го…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?