Британскиот јутјубер Ричард Хејвард, креатор на каналот @SideQuestMerchant, кој престојува во Македонија и пред некое време направи интересно видео во кое качен на гума пловеше низ Вардар, е веќе познат помеѓу македонските „инстаграмџии“.
Тој вчера сподели видео каде учествуваше во акција за чистење на отпад, а во реката нашол и стол. Меѓу другото наиде и на купишта пластични шишиња во Вардар.
Хејвард вели дека случајно дошол во Македонија, му се допаднала земјата, по што често доаѓал, а летово одлучил да живее тука извесен период.
View this post on Instagram