Откако Доналд Трамп најави „историска акција“ што ќе го „врати главниот град“, спонтано започнаа протести во Вашингтон.
Демонстрантите носат транспаренти на кои пишуваше „Спротивставете се на тиранијата“, „Трамп лаже за да го одвлече вниманието од случајот Епштајн“, „Подалеку од Вашингтон“, „Не го сакаме Трамповиот Гестапо“.
Активистката Кеја Чатерџи од организацијата Слободен Вашингтон го обвини Трамп дека не се грижи за безбедноста на градот, туку за контролата, потсетувајќи на неговите потези како што се намалувањето на Медикејд, отпуштањето на федералните работници и масовни депортации.
Да се потсетиме дека Трамп објави дека ја распоредува Националната гарда со цел да „воспостави закон и ред“. Тој најави дека првично ќе распореди 800 припадници на Националната гарда за поддршка на локалните органи за спроведување на законот.