Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Десет килограми кокаин откриени во автомобил во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Десет килограми кокаин откриени во автомобил во Скопје
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Десет килограми кокаин откриени во автомобил во Скопје

Објавено January 2, 2026 11:52
Сподели
Сподели

Во координирана акција на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден беа откриени 10 килограми наркотична дрога кокаин со висока чистота, скриени во автомобил БМВ X5 со скопски регистарски ознаки.

Автомобилот бил сопрен во селото Горно Количани, по што јавниот обвинител од судија на претходна постапка обезбеди наредба за детален претрес и во импровизиран бункер во подвозјето на возилото беше пронајдена дрогата.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 26-годишникот кој го управувал автомобилот за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот И.Е. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

За осомничениот ќе биде предложена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и соучесници, како и веројатност да продолжи да врши кривични дела.

Бидејќи станува збор за големо количество дрога, јавниот обвинител издава повеќе наредби со цел испитување на потеклото на кокаинот и неговата крајна дестинација, како и можни други инволвирани лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шефот на Instagram предупредува: Не можете да им верувате на очите во дигиталниот свет
Следна Статија Повлекување на говедско месо поради ризик од E. coli воАјдахо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Познати идентитетите на странските работници кои загинаа во Македонија

На 12.09.2025 во 08:13 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, од мостот на Балталиска река…

September 13, 2025
ХРОНИКА

Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ

Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, оформи предмет и поведе постапка против осум лица…

December 30, 2024
ХРОНИКА

Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени непријавени речиси 35.000 евра

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција  во тетовско сопреле автобус „мерцедес“…

May 25, 2026
ХРОНИКА

Две лица загинаа во сообраќајка кај Катланово

Две лица се загинати во страшна сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово, на автопатот Скопје-Велес. Според информациите на ТВ 21,…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?