Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, кој присуствува на одбележувањето на Денот на победата во Москва, изјави дека на приемот што го организирал рускиот претседател Владимир Путин за странски претставници, уште еднаш биле потврдени „пријателските и братски односи меѓу српскиот и рускиот народ“.
„Република Српска ја цени историската улога на рускиот народ во победата над фашизмот и останува посветена на соработката, меѓусебното почитување и зачувувањето на традиционалните врски“, објави тој на социјалната мрежа X.
На пријему који је уприличио предсједник Руске Федерације Владимир Путин за стране званичнике поводом Дана побједе, још једном су потврђени пријатељски и братски односи српског и руског народа.
Република Српска цијени историјску улогу руског народа у побједи над фашизмом и… pic.twitter.com/BG89wL1Y02
— Милорад Додик (@MiloradDodik) May 9, 2026
Освен лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, во делегацијата на Република Српска на приемот кај рускиот претседател беа и претседателот на Република Српска Синиша Каран и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ.
Денес, Русија одржа традиционална воена парада на Црвениот плоштад по повод Денот на победата, со кој се одбележува годишнината од победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.
На парадата присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин и лидери на неколку странски земји, меѓу кои претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев, претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, претседателот на Лаос Тонглун Сисулит и малезискиот крал Султан Ибрахим Искандар.
Во пресрет на прославата, Москва објави еднострано дводневно примирје на 8 и 9 мај и ја предупреди Украина за „масовен“ ракетен одговор доколку прославата биде нарушена.
Киев подоцна објави дека ќе го почитува прекинот на огнот почнувајќи од полноќ во вторник.
