Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без многу да му ја мисли влетал во огнот во дискотеката во Кочани и успеа да спаси повеќе од 20 деца беше пречекан како херој во родниот град.
Аплаузи, солзи, за детето со кој неговиот подвиг да спасува деца, ризикувајќи го сопствениот живот силно одекна во нацијата. Јован беше пуштен на домашно лекување откако лежеше на Клиниката за токсикологија, каде што ќе продолжи неговата борба за целосно заздравување. Овие денови, неговото име се споменува со длабока почит на социјалните мрежи, а неговата несебичност е инспирација за многумина.