Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Извадил палестинско знаме на натпревар: Полицијата го уапси претседателот на подмладокот на Левица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (ВИДЕО) Извадил палестинско знаме на натпревар: Полицијата го уапси претседателот на подмладокот на Левица
СПОРТ

(ВИДЕО) Извадил палестинско знаме на натпревар: Полицијата го уапси претседателот на подмладокот на Левица

Објавено April 28, 2026 19:09
Сподели
Сподели

Левица објави снимка на која се гледа како полицајци денеска во Скопје го апсат претседателот на подмладокот на партијата, Андреј Куцуловски, поради тоа што развеал палестинско знаме на училишниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Израел.

„Пред малку, на денешниот ракометен натрпревар Македонија-Израел, претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски, беше приведен поради мирно и достоинствено истакнување на знамето на Палестина и тоа како да станува збор за високоризичен криминалец! Без никакво образложение, без наведување на основ за лишување од слобода, без посочување на кривично дело или прекршок – тој беше грубо оттурнат и со лисици однесен во полициска станица. Во целиот чин, ниту еден од полициските службеници не се легитимираше. И додека на ДПМНЕ и на министерот Панче Тошковски им „се провлекуваат“ и им бегаат вистински криминалци, полицијата под негова надлежност ревносно демонстрира сила врз млади луѓе кои не направиле ништо освен што изразиле човечност“, велат од партијата, најавувајќи дека ќе ги преземат „сите расположливи правни и институционални механизми за овој скандал“.

„ДПМНЕ денес апси за знаме, утре ќе се апси за мисла!“, додаваат од Левица.

На снимката што ја објави партијата се гледа како полицајците му го земаат знамето на Куцуловски, а нему му ставаат лисици на рацете и го спроведуваат до полицискиот автомобил. На местото има најмалку 15 полицајци, кои постојано се однесуваат агресивно и арогантно, обидувајќи се да го спречат човекот кој снима.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Левица (@levica_mk)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Делегации им оддадоа почит на загинатите бранители кај Вејце
Следна Статија Македонија заостанува во превенцијата на рак на грло на матка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Утре навиваме за македонските ракометарки против Германија

Женската македонска ракометна репрезентација ги почна подготовките за претстојните два (последни) натпревара од квалификациите за Европското првенство. Селекторот Кристијан Грчевски…

April 6, 2026
СПОРТ

Захариевски повеќе не е тренер на Вардар

Срѓан Захариевски од денес не е шеф на стручниот штаб на ФК Вардар. Информацијата претпладнево ја објавија „црвено-црните“ на својот…

November 4, 2024
СПОРТ

Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос

Шестиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако попладнево лесно се справи со Камерон…

June 2, 2025
СПОРТ

Алкараз го победи Де Минаур во финалето на АТП Ротердам

Шпанецот Карлос Алкараз го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во финалето на АТП турнирот во Ротердам (Холандија). Мечот траеше безмалку…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?