Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг
СВЕТ

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Објавено June 9, 2025 08:39
Сподели
Сподели

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг, актерот од „Игра на тронови“ Лиам Канингем и француската европратеничка Рима Хасан. Сите беа задржани и однесени во Израел.

Коалицијата „Фридом Флотила“ (FFC) претходно објави дека израелската војска се качила на бродот „Мадлин“, кој се обидувал да достави помош во Газа. Во енклавата, 2,1 милиони луѓе се соочуваат со сериозна криза со глад по повеќе од 600 дена војна и 11-неделна целосна блокада на помошта, објави Си-ен-ен.

Израелското Министерство за надворешни работи објави во понеделник наутро (локално време) дека бродот „безбедно се движи кон израелскиот брег“ и дека се очекува патниците да се вратат во своите матични земји

SOS messages to follow#alleyesonMadleen pic.twitter.com/O02sv5c1jW

— Freedom Flotilla Coalition (@GazaFFlotilla) June 9, 2025

„Дронови кружат околу бродот, испуштаат бела супстанца“
Видео споделено на социјалните мрежи го прикажува екипажот на бродот, облечен во портокалови елеци за спасување, како седи еден до друг додека војник им подава вода и сендвичи. Грета Тунберг седи близу до предниот дел од групата.

Коалицијата „Фридом Флотила“ претходно објави на Телеграм дека бродот бил „нападнат во меѓународни води“.

„Дронови кружат околу бродот, испуштајќи бела супстанца слична на боја. Врската е изгубена и се емитуваат вознемирувачки звуци преку радио“, се вели во нивната објава. Израелското Министерство за надворешни работи објави видео од морнар кој му кажува на екипажот на бродот преку радио дека „морската зона покрај брегот на Газа е затворена“.

Коалицијата, исто така, објави видео на Телеграм на кое се гледаат членови на екипажот како седат во бродот со кренати раце.

SOS! the volunteers on 'Madleen' have been kidnapped by Israeli forces.
Greta Thunberg is a Swedish citizen.
Pressure their foreign ministries and help us keep them safe!

Web: https://t.co/uCGmx8sn8j
X : @SweMFA
FB : @SweMFA
IG : swedishmfa#AllEyesOnMadeleen pic.twitter.com/76Myrg2Bnz

— Freedom Flotilla Coalition (@GazaFFlotilla) June 9, 2025

Откако комуникацијата со бродот беше изгубена, Коалицијата почна да објавува однапред снимени пораки од активисти, вклучувајќи ја и Грета Тунберг. „Ако го видите ова видео, бевме пресретнати и киднапирани во меѓународни води од страна на израелските окупаторски сили или сили што ги поддржуваат“, рече Тунберг во својата порака.

Израел повеќе пати повтори дека нема да дозволи бродот да стигне до Газа и го нарече бродот „селфи јахта“ со „познати личности“.

„Им наложив на израелската војска да го спречат бродот ‘Мадлин’ да стигне до Газа“, изјави во неделата министерот за одбрана Израел Кац.

Откако екипажот беше задржан, портпаролот на министерот Кац изјави дека на војската ѝ било наредено да им покаже на активистите снимки од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, веднаш по нивното пристигнување во пристаништето Ашдод.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Победа на локални избори во два српски града прогласија и Вучиќ и опозицијата, изборните комисии засега без резултати од гласањето
Следна Статија Фудбалерите подготвени за победа над Казахстан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

САД добија предлог за територијални отстапки од Украина, соопшти Мерц

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека изменет предлог за територијални отстапки од Украина како дел од планот за завршување…

December 11, 2025
СВЕТ

Уште пет лица уапсени за грабежот во Лувр

Уште пет лица се уапсени во рамки на истрагата за спектакуларниот грабеж во музејот Лувр во Париз што се случи…

October 30, 2025
СВЕТ

ОН повторно воведе санкции кон Иран по неуспехот на преговорите за нуклеарната програма

Санкциите на ОН врз Иран од синоќа повторно стапија во сила откако не успеаја разговорите меѓу Техеран и западните сили…

September 28, 2025
СВЕТ

Илон Маск се сретнал со иранскиот амбасадор: „Ова може да биде голема работа“

Илон Маск се сретна со иранскиот амбасадор во Обединетите нации. Според американските медиуми, средбата се случила еден ден пред Доналд…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?