Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Искината ограда ги чувала волците што избегаа, Анима Мунди бара да се затвори Зоолошката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Искината ограда ги чувала волците што избегаа, Анима Мунди бара да се затвори Зоолошката
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Искината ограда ги чувала волците што избегаа, Анима Мунди бара да се затвори Зоолошката

Објавено June 26, 2026 11:40
Сподели
Screenshot
Сподели

Здружението за заштита на животните Анима Мунди остро реагираше по информациите за бегството на белите волци од Зоолошката градина во Скопје, оценувајќи дека состојбата укажува на сериозни пропусти во безбедноста и условите за чување на дивите животни.

Од организацијата посочуваат дека оградата на живеалиштето, која може да се види на снимките, не остава впечаток дека ги исполнува неопходните безбедносни стандарди.

„Оградата што се гледа на снимката не остава впечаток на безбедносен систем соодветен за чување диви животни. Напротив, отвора сериозни сомнежи дали воопшто биле обезбедени минималните стандарди за заштита и спречување на бегство“, наведуваат од Анима Мунди.

Оттаму додаваат дека безбедноста на дивите животни не смее да зависи од импровизации или од среќни околности и оценуваат дека ваквите состојби постојат подолг временски период.

Анима Мунди бара итно затворање на ЗОО Скопје до завршување на независен инспекциски надзор, како и детална инспекција на сите живеалишта, кафези, огради и безбедносни системи, при што наодите јавно би биле објавени.

Меѓу барањата се и независна истрага за бегството на волците и усмртувањето на животните, утврдување одговорност за евентуалните пропусти, како и воведување мораториум за размножување и внесување нови животни сè додека не се обезбедат услови што ги исполнуваат законските и стручните стандарди.

Од здружението предлагаат и изработка на план за трансформација на Зоолошката градина во спасувачки и рехабилитациски центар за животни.

„Институција што не може да гарантира сигурност за животните што ги држи во заробеништво, не може да гарантира ниту безбедност за граѓаните“, порачуваат од Анима Мунди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две години влада со инфраструктурен бум, нафтена и економска криза и спрвавување со последиците од она што го остави СДСМ
Следна Статија Mицкоски: Сè после Пржински договор е неправо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од Скопската котлина

На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден е роден Гоце Делчев: Визионерот на македонската револуционерна борба

Денеска, на 4 февруари, се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај…

February 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Државниот обвинител Савески го почнува мандатот

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска треба да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Савески ќе…

March 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?