Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО: И Ердоган „жртва“ на протоколот на Трамп, принуден да чека на улиците на Њујорк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > ВИДЕО: И Ердоган „жртва“ на протоколот на Трамп, принуден да чека на улиците на Њујорк
СВЕТ

ВИДЕО: И Ердоган „жртва“ на протоколот на Трамп, принуден да чека на улиците на Њујорк

Објавено September 25, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се затекна во незгодна ситуација во Њујорк, откако полицијата го принуди да чека на тротоарот додека поминуваше конвојот на американскиот лидер Доналд Трамп.

Ердоган, кој беше во САД по повод Генералното собрание на ОН, беше запрен од страна на припадници на локалната полиција додека се обидуваше да ја премине улицата. Според извештаите, полицијата му го блокирала патот поради минувањето на колоната на Трамп, принудувајќи го турскиот претседател да чека извесно време.

Ердоган е уште еден светски лидер кого Доналд Трамп кој стана „жртва“ на протоколот на Трамп, со тоа што беше застанат на улиците на Менхетен за да направи место за американскиот претседател. Снимките од социјалните мрежи покажуваат дека турскиот лидер, кој изгледа видно изиритиран, чека на улица опкружен со телохранители.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DW Türkçe (@dw_turkce)

Ова се случи само еден ден откако слична ситуација доживеа и францускиот претседател Емануел Макрон. Полицијата и него го запре и го принуди да чека на улица додека да помине придружбата на Трамп.

За разлика од смирената реакција на неговиот француски колега, реакцијата на Ердоган не била толку мирна. Настанот кулминираше со судир помеѓу телохранителите на Ердоган, кои се обидувале да ја отстранат металната ограда, и американските полицајци, кој сепак брзо завршил.

Откако поминала колоната на Трамп, сообраќајот бил обновен.

Макрон, за време на неговото застанување му се јави на Трамп и лежерно разговараше со него. – Погоди што, токму сега чекам на улица бидејќи сѐ е блокирано поради тебе, му рекол Макрон на американскиот претседател преку телефон. Францускиот претседател, кој се обидувал пеш да стигне до француската дипломатска мисија по говорот во ОН, неуспешно се обидувал да договори премин со полицијата. – Со мене се 10 луѓе, им рекол Макрон, на што еден од полицајците одговорил: „Жалам, претседателе, навистина ми е жал, но сѐ е моментално блокирано“.

Макрон потоа излезе од автомобилот, насмеан, но и малку нетрпелив, и продолжи пеш кон мисијата, поздравувајќи се и фотографирајќи се со случајните минувачи.

Трамп денеска ќе разговара со Ердоган во Белата, а откако американскиот претседател посочи дека ограничувањето на владата на САД за продажба на напредни борбени авиони на Анкара наскоро може да биде укинато.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Али Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе одат со Бугарија, некои со Албанија
Следна Статија Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Илегален мигрант од Гватемала запали жена во метрото во Њујорк

Идентификуван мажот кој на 22 декември во метрото на Њујорк запали жена, која почина. Напаѓачот е 33-годишниот Себастијан Сапета, илегален…

December 25, 2024
СВЕТ

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Универзитетската болница во Грац соопшти дека едно возрасно лице им подлегнало на повредните здобиени во масакрот во училиштето БОРГ, со…

June 10, 2025
СВЕТ

ЕК изгласа царини од 25 отсто за американските стоки

Европската комисија гласаше за воведување царини од 25 отсто за американски стоки во вредност од околу 22 милијарди евра како…

April 9, 2025
СВЕТ

Страшна несреќа во Русија: Се урна мост и падна врз патнички воз, има загинати и повредени

Најмалку седум лица загинаа, а 69 се повредени кога патнички воз излета од шините откако се урна мост во Русија…

June 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?