Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Кадриу: Ја граделе сo „пурпена“ која чинела 5 евра, наместо со панели кои не горат 40 минути и чинат 17 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > (ВИДЕО) Кадриу: Ја граделе сo „пурпена“ која чинела 5 евра, наместо со панели кои не горат 40 минути и чинат 17 евра
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Кадриу: Ја граделе сo „пурпена“ која чинела 5 евра, наместо со панели кои не горат 40 минути и чинат 17 евра

Објавено February 8, 2026 13:51
Сподели
Сподели

Таа вечер кога се случи пожарот во модуларната болница во кој изгореа 14 луѓе, не бев дежурна. Ми се јави дежурниот колега, кој беше и шеф на Обвинителството (во Тетово, н.з.) и, вели, колешке, ве молам дојдете, јас веќе не можам да се снајдам, овде е хаос. Значи, по барање на шефот на Обвинителството, се приклучувам, доаѓам таму. Потоа доаѓа и Јовески, значи, тој се појавува и каде треба и каде не треба, а врска нема со животот, не знае ни зошто дошол, уште донел и двајца обвинители да се приклучат во тимот кој ќе води истрага“ вели адвокатката Лејла Кадриу од Тетово, во гостувањето на ТВ АЛФА во емисијата на Богдан Илиевски, објаснувајќи ги првите моменти по пожарот во монтажната болница во Тетово во кој изгореа 14 луѓе.

Кадриу во тој момент, работела како обвинителка во тетовското Јавно Обвинителство.

Јовески дојде за сѐ да се држи под контрола, да има свои луѓе, да има филтер како да се постапува. Значи, ние спроведуваме истрага, имаме колегиуми, па после ќе се добие одобрение од Јовески да се спроведе тоа истражно дејство или да не се спроведе. И во случајот со тој пожар, се истражуваше како дошло до него и како е изградена болницата. И се покажа во текот на истражувањето дека, за таа модуларна болница, а и за другите, средствата се обезбедени од Светската банка. Станува збор за 90 милиони евра, од кои 30 милиони за модуларни болници, 60 за лекови и други чуда. А 30 милиони за 10 модуларни болници, направени од рециклирани материјали. Кога се распрашував колку чинат панели со камена волна, која не гори четириесет минути, безбедна е 40 минути, а колку чинат рециклирани панели со овие „пурпен пени“,се покажа дека во тоа време, панелите кои се безбедни 40 минути чинат 17 евра, а овие со „пурпер пена“ не чинат ни 5-6 евра. Па, тие 10 модуларни не можеле да чинат повеќе од, еве да речеме, 300 илјади евра, за сите 10, а потрошени се триесет милиони“, вели Кадриу.

Таа вели дека најрцно во сѐ е што кога се дала наредба да се направи вештачење од страна на вештак по електротехника, дошло известување дека причинско-последична врска за настанување на пожарот е лошо инсталирана електрична енергија.

Значи, кога се ставил тој апарат (за анимирање, н.з.), тој повлекол огромна количина на струја, немало прекинувачи на доводот и се случила експлозија. Но, немало разводна табла. Затоа доаѓала струја. Да поставеле разводна табла, немало да се случи ништо. И тука е пропустот. Прво, на министерот за здравство во тогашно време, Филипче, бидејќи тој ја составил спецификацијата без да има елаборат за електрична енергија и без противпожарен елаборат“, вели Кадриу.

Таа објаснува дека според описот на работните задачи, според обврските што ги има Министерство за здравство, тоа е тоа што гради болници, Министерството за труд и социјална политика гради градинки и домови за стари лица. Во овој случај, Министерството за здравство објавило оглас, а го спровело Министерство за труд и социјална политика.

Значи, направиле разводнување. Ама на крај се покажа дека причинско-последична врска за настанување на пожарот е лошо инсталираната електрична енергија. Јас знам дека директорот на болницата, медицинскиот директор (Артан Етеми, осуден на три години затвор за пожарот, н.з.), кажа дека понудил два спрата од болницата, нови, кои биле неопремени. Рекол, еве ви ги двата спрата, да ги опремиме и справувајте се со „ковид“. Но, овие инсистирале на модуларната. Морало да се прави тоа, зашто морало парите да се потрошат. Дополнително што таа модуларна била над резервоарот“, тврди Кадриу.

На забелешката дека тогашниот премиер Зоран Заев рекол дека за таа опрема, за тие болници, не треба посебни елаборати, Кадриу, истакнува:

Мора законот да се почитува. Во конкретниот случај, во Законот за градба, тие додадоа некои пет члена, со кои што нешто направиле, но мора да се почитува целиот Закон за градба. Значи ги имаме тие пет члена, ама тие не се посебен „лекс специјалис“, туку тие пет члена се составен дел на Законот за градба. И тој Закон точно предвидува дека сѐ што е изградено над земја претставува градба. А, тука, кај модуларната болница во Тетово, не е направен ни технички прием при предавање. Само на економскиот директор му бил даден клучот. Што значи дека овие директори (Флорин Бесими, тогашен директор на Тетовската болица, осуден за пожарот на три години затвор, брат на екс министерот од ДУИ, Фатмир Бесими и економскиот директор, Артан Етеми, н.з.) воопшто не учествувале, ниту во набавката, ниту во изградбата. Овие двајца се осудени, а овие што го направија тоа се неосудени. Страшна работа. И тогаш ме суспендираа, бидејќи барав дополнително да се направи градежно вештачење да се направи. Е, тогаш ме суспендираа од работа“.

Според Кадриу, за тој случај половина тогашна Влада треба да оди во затвор и дека сите кои се инволвирани во поставувањето на таа болница, а тоа не се двајцата осудени директори, треба да одговараат. Таа и денес го има ставот дека целиот тој случај е незаконито спроведен, а главната одговорност лежи во тој што го објавил огласот, што ги издвоил средствата за тоа – министерот за здравство, заедно со Комисијата што ја подготвувала спецификацијата и со изведувачот на работи.

Не смеел тој да поставува струја, а да не стави, да не предвиди расклопни табли кои ќе спречат довод на струја доколку дојде до ваквите работи“, децидна е Кадриу за случајот во кој живи изгореа 14 пациенти и нивни роднини.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2 569 нови случаи на…

March 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Македонка се грижи за денталното здравје на жителите на Шетланд

Професијата може да го однесе човек на најегзотичните, но и на најсуровите места на земјината топка.  Триесет и осумгодишната Невена…

January 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Со порастот на температурите ширум земјата, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денес објави низа препораки за заштита на населението од…

June 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија?…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?