Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција со Ататурк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција со Ататурк
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција со Ататурк

Објавено January 27, 2026 11:15
Сподели
Сподели

Мрежата за заштита од дискриминација упати остар апел до Собранието на Република  Македонија да не ја именува кандидатката Џихан Ахмед за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Според Мрежата, номинацијата е „несериозна и понижувачка“ бидејќи кандидатката не ги исполнува законските услови и покажала загрижувачко ниво на некомпетентност за време на јавната расправа.

На јавната расправа одржана на 20.01.2026 година, кандидатката Ахмед, иако е магистер по меѓународно право, не успеала да покаже основно познавање на Истанбулската конвенција – клучниот стратешки документ за заштита на жените од насилство. На прашањето за темелите на оваа конвенција, таа дала одговор во историски контекст, зборувајќи за градот Истанбул и периодот на Ататурк, наместо за правните механизми за заштита од дискриминација.

Законот предвидува дека член на Комисијата мора да има минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет години конкретно во областа на еднаквост и недискриминација. Ревизијата на јавно достапното CV на Ахмед покажува дека таа нема ниту еден ден работно искуство во оваа сфера. Нејзиното претходно искуство е во приватни фирми, како асистент на универзитет и професор во средно училиште, со фокус на корпоративната безбедност, што не е соодветно за оваа функција.

Мрежата потсетува дека Собранието има клучна улога во Поглавјето 23 (правосудство и фундаментални права) и дека напредокот на државата зависи од изборот на компетентни лица кои ќе ги штитат најранливите категории граѓани. Изборот на лица кои не ги познаваат ниту основните поими за дискриминација претставува сериозен чекор наназад во евроинтеграциските процеси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова: Пораката на свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било
Следна Статија СДСМ: Каде е др Жан?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Дедо Мраз пристигна со хеликоптер, радост за децата на припадниците на Армијата

Во рамките на Министерството за одбрана на Република Македонија се одржа свечен и празничен настан кој внесе радост и насмевки…

December 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секој граѓанин лани создал по 438 килограми комунален отпад

Вкупното количество собран комунален отпад во државава во 2024 година изнесува 637.471 тон и споредено со 2023 година, бележи зголемување…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Македонскиот јазик е нашата татковина, нашата вечност!

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Институтот за македонски јазик, честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик,…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден. Истовремено реагираме…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?