Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Кит снимен во близина на Дубровник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (ВИДЕО) Кит снимен во близина на Дубровник
БАЛКАН

(ВИДЕО) Кит снимен во близина на Дубровник

Објавено June 20, 2025 12:23
Сподели
Сподели

Необична и ретка појава го привлече вниманието на капачите во близина на Дубровник – во морето кај островот Локрум беше снимен кит, што предизвика вистинска сензација на плажите, пренесуваат хрватските медиуми.

Појавата на џиновското морско суштество предизвика мешани реакции. Додека дел од капачите коментираа дека ќе избегнуваат влегување во морето наредните денови, на социјалните мрежи не изостанаа и шеговитите коментари. „Од денес, набљудување на китови од брегот – 250 долари“, гласеше една објава што насмеа многумина. Друг корисник се надоврза: „Ќе поставам сепаре за 300 евра“.

Според проценките, се работи за перкаст кит – вториот најголем вид на кит во светот, веднаш по синиот кит. Овој вид може да достигне должина до 26 метри и тежина до 70 тони. Карактеристичен е по издолженото и елегантно тело, како и по асиметричната боја: едната страна му е светла, другата темна. Тој е и еден од најбрзите китови, способен да развие брзина и до 40 километри на час.

Иако овие морски џинови главно живеат во длабоките делови на океаните, понекогаш знаат да залутаат и во плитките води на Јадранското Море – појава што е навистина ретка и предизвикува голем интерес кај јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен 22-годишникот што усмрти жена на тротоар во Охрид
Следна Статија (ВИДЕО) Митева: Се врши реконструкција во Општата болница во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Увидот по падот на настрешницата во Нови Сад е извршен во една ноќ: „Тоа може да има последици“

Во една ноќ е извршена истрагата на Железничката станица во Нови Сад по падот на настрешницата кога загинаа 14 лица.…

November 7, 2024
БАЛКАН

АПСЕЊЕ ВО СРБИЈА – Планирале насилно уривање на власта

Тројца мажи се уапсени во Србија под сомнение дека подготвувале насилна промена на државната власт, пренесуваат српските медиуми. Според информациите,…

June 26, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Бебе паднало од трети кат од зграда во Нови Пазар и останало живо- очевидците шокирани

Двегодишно дете под неразјаснети околности паднало од третиот кат од станбена зграда во центарот на Нови Пазар. Според очевидци, детето…

October 13, 2024
БАЛКАН

(Видео) Инцидент во Косово: По расправија за паркинг, се врати со калашников и испука рафал пред фирма

Невидена драма го потресе Пеќ кога маж, револтиран од расправија за паркинг, се вратил на местото со квадбајк и испукал…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?