Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево
ХРОНИКА

(Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево

Објавено August 16, 2025 10:56
Сподели
Сподели

Со лопати, стапови, гранки во рацете и светилки на главите седуммина доброволци од Рогачево заедно со екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари, полициски хеликоптери… храбро и по полноќ се бореа со големиот пожар кој го зафати селото Јажинце, општина Јегуновце, а кој вчера повторно се реактивира.

„Благодарение на четата на Цветко од Рогачево со овие храбри луѓе успеавме да изгасиме една цела линија во текот на ноќта, а некаде е околу 1 и 30 по полноќ. Го гасевме пожарот кој ќе се симнеше сигурно до патот и ќе направеше големи неприлики. Ви благодарам од мое име и од името на Дирекцијата за заштита и спасување.“, вели во видеото директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов за пожарот кај Јажинце.

Ова видео кое утрово го објави ДЗС ја покажува храброста на оние кои на терен се борат со големите однови, но и хуморот кој постојано е присутен кај Ангелов, а со кој тој на свој начим умешно успева да ја доближи реалноста до јавноста.

Директорот на ДЗС додека го снима видеото во ноќните часови, заедно со уште неколкумина од екипата, во раце држат гранки. Во негов хумористичен стил, по храброто гасење на пожарот Ангелов со насмевка ги прашува волонтерите: „А со што гасевме“? На ова сите со насмевка му одговараат: „Со гранки“. Ангелов на крајот додава дека на местото каде што се наоѓаат ни пинц не се качува (мислејќи на пинцгауерите, доносно пожарникарските возила), туку се качуваат само диви кози и четата на Цветко од Рогачево.

Доцна синоќа пожарот во атарот на селото Јажинце, општина Јегуновце, повторно се реактивира. Набргу потоа поради лесно горливата висока трева, грмушки и смреки пропратени со подзасилен ветер, огнената линија стана подолга од еден километар движејќи се во насока на магистралниот пат Тетово – Јажинце.

„На патот бргу поставивме одбрана со десет ПП цистерни, 8 пинцгауери и еден воден топ на МВР за да не дозволиме огнот да помине преку патот, доколку дојде до него. Околу полноќ се искачив до линијата на огнот високо над патот и откако лично се уверив дека ветрот е поволен, горењето ослабнато и има услови за ноќно гаснење од земја, со мојот возач и 7 жители на Рогачево започнавме гаснење на огнената линија.  Гаснењето се одвиваше во две фази, гаснење, контролирање и догаснување на изгаснатата линија. Некаде околу три часот по полноќ ја совладавме целата лева огнена линија во должина поголема од еден километар.  Десната огнена линија беше далеку од нас и поради тешко пристапниот терен обраснат со густа вегетација полна со трње, не можевме да се пробиеме до неа. Во овој момент изгаснатата лева линија покажува жешки точки и знаци на разгорување поради што е активиран полицискиот хеликоптер кој со прецизно фрлање на вода дејствува точка по точка. Еден крак од пожарот се движи во насока на с. Дворце кон скопската страна“, велат од ДЗС.

Министерот Тошковски кој синоќа ја посети локацијата на пожарот, цела ноќ и утрово остана со нас. На лице место се наоѓаат пожарникари со навални возила од ТППЕ Тетово, Гостивар, Велес и Кавадарци како и локално население.

„Голема благодарност до сите кои деновиве помагаат да го ставиме под контрола овој тежок пожар. Посебно голема благодарност до седумчлената чета на Цветко Војвода од Рогачево со која успеавме да спасиме неколку хектари трева, грмушки и шума, гаснејки по исклучително тежок за движење терен, изложувакки се притоа и на определен ризик“, додаваат од ДЗС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Британски синџир супермаркети дава по 1 фунта на секој клиент кој ќе им помогне да ги фатат крадците во продавници
Следна Статија Имате проблеми со „МојДДВ“ – превземете ја новата верзија на апликацијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

„Цитроенот“ застанал пред зградата на Вања и три дена пред да биде киднапирана

Групата која ја киднапираше Вања Ѓорчевска на 27.11.2023 година се обидела тоа да го стори и три дена претходно. Нејасно…

January 20, 2025
ХРОНИКА

Со лажни документи увезувале крадени автомобили и преправале броеви на шасија, уапсени 10 лица

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против десет лица…

December 29, 2024
ХРОНИКА

Кривична за двајцата полицајци што не го казнија братот на градоначалникот на Гази Баба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран…

May 2, 2025
ХРОНИКА

Бугарскиот државјанин кој измами кумановка за 30.000 евра доби речиси пет години затвор

Основниот суд Куманово го осуди шеесетгодишниот државјанин на Р. Бугарија и на Р. Србија, Предраг Миленков за кривично дело измама…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?