Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба, нови факти, докази и документи, како семејната фирма на Томовски го чисти буџетот. Или со бројки, 5.3 милиони евра, 161 тендер. Толку многу има добиено семејната фирма на Томовски. Особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт, за 306% во2024 година! А оваа 2025 година има тендери од речиси половина милион евра.По објавување на оваа бомба, на овој скандал на власта на Христијан Мицкоски, излезе Томовски и вели да му се извиниме. Не, нема да му се извиниме на Томовски. Кажавме и ќе повториме, не се извинуваме на тие што пумпаат пари од граѓаните! И Арсовски бараше извинување па сега никаде го нема, молчи, изјави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска од СДСМ.
https://www.youtube.com/watch?v=iLwnjjULePs

