Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Кузеска: 11 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни 40 милиони евра поминале границa
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Кузеска: 11 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни 40 милиони евра поминале границa
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: 11 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни 40 милиони евра поминале границa

Објавено February 11, 2026 13:43
Сподели
Сподели

Единаесет дена јавноста чека одговор. Единаесет дена власта молчи. Како 5 тони дрога, по некои проценки вредни околу 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија? Кој ќе одговара?, праша денеска Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Во продолжение прес конферемцијата

Молкот не е случајност. Молкот е индикатор дека овој скандал води кон врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка овој огромен нарко-скандал.

Наместо одговори, гледаме дефокус на власта, прават медиумска магла за да побегнат од клучното прашање.

А македонскиот Мадуро, Мицкоски лицитира по медиумите, 25 тони, 40 тони, сега најавува 100 тони.

Дали сите фирми се нелегални? Тоа ли го порачува Мицкоски?! Ако е така зошто не била навреме направена контрола, зошто власта дозволила нелегално да се произведува и да се складира?

Не се кажува дали државата ги субвенционирала? Што ќе се случи ако компаниите побараат отштета?

Колку ќе чини оваа медиумска пропаганда која на крај ќе ја платат граѓаните.

Во меѓувреме, медиумите во Србија објавуваат нови информации што отвораат сериозни сомнежи.

Според овие медиуми уапсениот функционер на СНС, сестринска партија на ВМРО, поврзан со заплената во Крушевац, бил близок со српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ.

Доколку ова се потврди, се отвораат нови сомнежи за можна поврзасност и на други функцонери во ВМРО.

Прашуваме: Каква е улогата директорот на СОЗР и ново назначен организациски секретар на ВМРО?

Ова не е прашање на политика, туку на владеење на правото.

СДСМ нема да дозволи ова да се заташка. Ќе продолжиме да бараме одговори, целосна истрага и одговорност – за сите, без разлика на функција или партиска припадност.

Одговорност ќе има. За сите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иднината на акциите е стабилна по новиот рекорд на Dow: Живи ажурирања
Следна Статија Жена прегазена во Карпош, возачот кој избегал бил пронајден од полицијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

Одлуката за ставање во функција на системот „One Stop Shop“ на границата со Република Албанија претставува важен чекор кон модернизација…

June 17, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма…

May 6, 2025
ПОЛИТИКА

Димитров со еден потпис го промени името на државата, па сега му текна да ја критикува ЕУ

Однесувањето на Европската Унија и гласањето во Европарламентот успеа да го изнервира дури и потписникот на Преспанскиот договор, екс-министерот Никола…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?