Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Леао го искачи Милан на челната позиција во Серија А
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Леао го искачи Милан на челната позиција во Серија А
СПОРТ

(Видео) Леао го искачи Милан на челната позиција во Серија А

Објавено October 20, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Во последниот неделен дуел во Серија А, Милан ја победи Фиорентина благодарение на пенал во самиот финиш од натпреварот. Милан победи по пресврт, 2:1, а херој беше Рафаел Леао, кој ги постигна двата гола за Росонерите.

Во првото полувреме немаше голови, а најдобрата шанса во овој дел од натпреварот ја имаше Страхиња Павловиќ кој по слободен удар имаше можност да шутира, се обиде од блиску, но топката помина преку пречката.

А потоа, во 55-та минута, Фиорентина поведе. Робин Гусенс стигна до одбиената топка и постигна гол.

Радоста на гостите не траеше долго. Страхиња Павловиќ испрати добра топка, Рафаел Леао изгради позиција и испрати вистински проектил и постигна гол за израмнување.

Милан се закани и во 76-та минута преку Сантијаго Хименез, но немаше промена на резултатот. И потоа целосна драма во 81-та минута кога Хименез беше тој што падна во шеснаесетникот.

Во првиот момент, судијата покажа дека нема пенал, а неколку минути подоцна отиде да ја погледне снимката и ја промени одлуката.

Во 86-та минута, Леао го совлада Давид де Хеа и му донесе на Милан целосен пресврт на овој натпревар.

Со оваа победа, петта во сезоната, Милан го зазеде првото место на табелата со бод повеќе од Интер, Наполи и Рома. Фиорентина продолжува да се мачи, сега имаат четири порази и три нерешени резултати и се на 18-то место на табелатa.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани
Следна Статија Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

„BMW“ им подари нови автомобили на играчите на Реал Мадрид: Многумина го избраа истиот модел

Во четвртата сезона од партнерството помеѓу шпанскиот клуб и германскиот производител на автомобили, играчите ќе користат најширок спектар на возила…

October 18, 2025
СПОРТ

Скопје во декември домаќин на Европското првенство во брз и блиц шах

Скопје од 6 до 11 декември ќе биде домаќин на Европскиот шампионат во брз и блиц шах, објави Европската шаховска…

October 12, 2024
СПОРТ

Вардар со значајна победа во борбата за опстанок

Тимот на Вардар забележа многу важна победа (2:0) попладнево на гостувањето кај шампионот Струга. Со овие три бода Вардар барем…

February 22, 2025
СПОРТ

Реал Мадрид има нова „десетка“

Килијан Мбапе (26) ќе го носи бројот 10 во Реал следната сезона, потврди клубот на социјалните мрежи. Шпанските медиуми објавија…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?