Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Ливерпул е во сериозна криза – Шампионот поразен од Брентфорд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Ливерпул е во сериозна криза – Шампионот поразен од Брентфорд
СПОРТ

(Видео) Ливерпул е во сериозна криза – Шампионот поразен од Брентфорд

Објавено October 26, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Ливерпул минатата сезона доминантно дојде до титулата во Премиер лигата, загуби само четири натпревари, оваа во првите девет рунди, екипата на Арне Слот веќе има четири порази. Во Лондон, Брентфорд го победи Ливерпул со 3:2. „Црвените“ го забележаа четвртиот последовен пораз во Премиер лигата, односно загубија пет од последните шест натпревари.

Брентфорд во целост го надигра Ливерпул. Домашните фудбалери играа со повеќе желба, беа подобри во дуелите, агресивноста им беше на највисоко можно ниво и што е најважно, играчите од средниот ред на „пчелките“ буквално ги „изедоа“ колегите од Ливерпул.

Дека на Ливерпул не му се пишуа добро најави Аутара по само пет минути игра. Предноста на Брентфорд ја дуплира Шаде во 45-та. Надежите на Ливерпул му ги врати Керкез во петтата минута од судиското надополнување во првиот дел.

Голот на Керкез им даде дополнителен импулс во второто полувреме, не на неговите соиграчи туку на фудбалерите на Брентфорд.

По еден час игра Ван Дајк направи наивен пенал, а Игор Тијаго ја врати предноста од два гола.

Во финишот погоди Салах, во 90-та минута. Египќанецот ја рпекина низата од пет натпревари без постигнат гол.

И овој гол не го раздвижи Ливерпул, се играа 11 минути во судиското надополнување, а „црвените“ успеаја да притиснат само во последните две, но не успеаја да го избегнат поразот.

Ливерпул остана на шестото место со 15 поени, Брентфорд е на 10-то место со 13 поени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Имаат смисла за бизнис: Припадниците на овие хороскопски знаци заработуваат најмногу
Следна Статија Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ферстапен го надмудри Мекларен и ја оствари првата спринт победа

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на третата спринт трка во сезоната, која се одржа во рамките на Големата…

July 26, 2025
СПОРТ

Роналдо го изведе најлошиот пенал во својата кариера (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо сам изнуди пенал, но истиот не го реализираше. Кога се чинеше дека данскиот голман нема шанси против Португалецот,…

March 24, 2025
СПОРТ

Лучано Спалети е новиот тренер на Јувентус

Лучано Спалети ќе биде новиот тренер на Јувентус, потврдија денес бројни извори од Апенините. Спалети ќе потпише договорот до крајот…

October 29, 2025
СПОРТ

Фановите може да здивнат, Фернандеш останува во Јунајтед

– Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, нема да ја смени клупската средина во летниот преоден рок,…

June 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?