Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Лозарите се оставени сами, без никаква поддршка, кажа Филипче од Кавадарци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Лозарите се оставени сами, без никаква поддршка, кажа Филипче од Кавадарци
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лозарите се оставени сами, без никаква поддршка, кажа Филипче од Кавадарци

Објавено August 30, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со лозарите од кавадаречкиот регион. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лозарите и за целосниот недостаток на поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Разговорите што ги имав со лозарите се загрижувачки. Лозарството е извозно ориентирана гранка со која се гордееме и која ја работат генерации семејства. Денес, после 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, лозарите се оставени сами, без никаква поддршка“, изјави Филипче.

Според него, цинични се изјавите на Владата дека е зголемена откупната цена на грозјето. Реалноста е дека откупната цена е зголемена за половина денар, во услови кога производствените трошоци, коишто вклучуваат работна рака, прскање на лозјата, нафта којашто е потребна за обработка на земјиштето се толку многу зголемени, што зголемувањето за половина денар по килограм е срамно ниска откупна цена на грозјето.

Тој посочи дека лозарите ја почнале бербата во неизвесност, бидејќи Владата свесно го прекршила законот и не ја објавила производствената цена до 15 јули како што е предвидено. Дополнително, рече Филипче нема зелена нафта, нема авансни исплати на субвенции, укината е поддршката за квалитетно грозје, стопирана е помошта за нови семејни винарии.

„И како во други случаи, како што видовме досега, Владата се грижи само за големите бизниси, во еден друг контекст за маркетите, воопшто нема никакви мерки за намалување на цените и на потрошувачката кошничка, а во контекст на лозарите сега им дава поддршка само на големите винари за откуп на грозјето, сè на штета на обичните лозари и производители. За жал, ова е уште една потврда за дебаклот на економската политика на оваа влада“, потенцираше Филипче.

Филипче потсети дека во време на СДСМ, земјоделците имаа вистинска поддршка.

„СДСМ покажа како се гради систем кој дава сигурност: над 900 милиони евра субвенции исплатени на 75.000 земјоделци, 1.000 грантови за млади земјоделци, над 1.500 трактори со државна поддршка, 50.000 картички за зелена нафта, 98% искористеност на ИПАРД фондовите“, изјави тој.

Филипче порача дека лозарите и земјоделците не бараат милостина, туку фер услови и партнерство со државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) На кислородна поддршка завршија дел од полицајците кои гасеа пожар кај СЦ Борис Трајковски
Следна Статија ДПА: Путин за време на посетата на Кина ќе го промовира новиот мултиполарен светски поредок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за „Еразмус+“

СДСМ побара разрешување на в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, и целосна истрага за наводните…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“

Претседателот на Собранието Африм Гаши во објава на Фејсбук пишува дека останува во коалицијата „Влен“ демантирајќи ги информациите објавени во…

April 21, 2025
ПОЛИТИКА

Галетановски си даде оставка од градската организација на СДСМ

Ѓорѓи Галетановски си поднел оставка од претседател на градската организација на СДСМ, потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер од СДСМ. Според истиот…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

„Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда“, велат од СДСМ

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски не ги исполнил обврските што ги презел во рамките на Реформската агенда и дека…

May 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?