Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Македонски возач уапсен во Грција, по сообраќајка во која загинаа татко и син
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Македонски возач уапсен во Грција, по сообраќајка во која загинаа татко и син
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Македонски возач уапсен во Грција, по сообраќајка во која загинаа татко и син

Објавено June 29, 2025 10:16
Сподели
Сподели

Невидена семејна трагедија се случи попладнево на стариот магистрален пат Солун – Верија, кога патничко возило во кое патувало четиричлено семејство се судри со камион. Во несреќата животот го загубија татко и неговиот 13-годишен син.

Судирот се случил околу 16 часот, на делницата меѓу Халкидони и Лудија, при што под сè уште неразјаснети околности дошло до жесток фронтален удар помеѓу автомобилот и товарното возило. Според информациите, возачот на автомобилот, 44-годишен маж, починал на самото место, а неговиот 13-годишен син подлегнал на повредите кратко по несреќата.

Во возилото биле и 43-годишната сопруга и нивниот 9-годишен син, кои со тешки повреди се пренесени со амбулантно возило на итната медицинска служба ЕКАБ во солунската болница „Гениматас“.

Фотографиите од местото на несреќата, објавени од грчкиот портал protothema.gr, сведочат за разурнувањето на автомобилот, кој е целосно деформиран од силата на ударот.

Грчката полиција го истражува случајот, а причините за трагичната несреќа сè уште се утврдуваат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Немири по протестите во Белград: Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани
Следна Статија Земјотрес утрово со епицентар во Валандово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

СВР Скопје ги фати четворицата вмешани во вчерашното пукање во Чаир

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера (14.10.2024) околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“,…

October 15, 2024
ХРОНИКА

Удрил во куче, па преминал на спротивната лента- загина младо момче

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, кај местото викано „Смилчинци“, во општина Старо…

February 16, 2026
ХРОНИКА

Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лицеза кривично дело- Убиство од член 123 став…

October 28, 2025
ХРОНИКА

Палчо ангажираше и втор адвокат

Љупчо Палевски- Палчо, еден од обвинетите за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски Вања и Панче,…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?