Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое се одржа во Златибор, Србија.
Последниот ден го обележа инцидентот, што се случи во финалето во категоријата до 75 килограми.
Златниот медал му припадна на Виктор Мајсторовиќ од Србија, откако неговиот противник, Азербејџанецот Јусиф Агакишијев, беше дисквалификуван во втората рунда поради неспортското однесување на тренерот.
Имено, македонскиот судија Стефан Цубалевски беше физички нападнат од тренерот на азербејџанскиот боксер. Тренерот влета во рингот среде борбата и го зграпчи за вратот.
Потоа следеше давење и удирање пред целата публика и присутните малолетни деца, кои не можеа да поверуваат што гледаат.
Поради целата ситуација, борбата веднаш беше прекината, а победата му беше доделена на Виктор Мајсторовиќ.
Судијата Цубалевски потоа се смири и ја крена раката во рингот кон новиот кадетски европски шампион од Србија.
Погледнете го овој момент од 3:31:53 од приложеното видео: