Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Видео) Манчестер јунајтед во дербито го победи Челзи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Видео) Манчестер јунајтед во дербито го победи Челзи
СПОРТ

Видео) Манчестер јунајтед во дербито го победи Челзи

Објавено September 21, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Манчестер jунајтед го победија Челзи со 2:1 во петтото коло од Премиер лигата.

Црвените ѓаволи“, барем на 24 часа се вратија во горниот дел од табелата и се наоѓаат на деветтото место, со бод помалку од „сините“, кои го забележаа првиот пораз сезонава во Премиер лигата.

Рубен Аморим и неговите избраници имаа голема помош, бидејќи Челзи остана со играч помалку на теренот по само пет минути игра.

Непромислениот Роберто Санчез излезе од шеснаесетникот, го собори Мбумо и заслужено доби директен црвен картон – трет најбрз за голман во историјата на Премиер лигата и најбрз досега во историјата на неговиот клуб.

Колата потоа тргна надолу – Јунајтед поведе со 1:0 во 14-та минута, а стрелец беше Бруно Фернандеш. Португалецот во 200-от натпревар за Јунајтед го постигна 100-от гол.

Во 37-та минута, Касемиро ја дуплираше предноста на својот тим, а во петтата минута од судиското продолжение доби втор жолт картон, со што стана првиот играч во историјата на Јунајтед кој постигнал гол и бил исклучен во истото полувреме.

Во второто полувреме имаше неспоредливо помалку возбудувања отколку во првото. Во ситуација „десет на десет“, Челзи апсолутно го контролираше поседот (28 спрема 78 отсто), но „сините“ не успеаја да приготват некои добри шанси.

Најголемата ја имаа во 80-та минута, кога Тревор Чалоба им даде надеж на Енцо Мареска и неговите играчи, кога со глава ја смести топката во мрежата на домашниот тим и го намали резултатот.

До крајот на натпреварот, тимот од Лондон не успеа да освои ниту еден бод, и покрај дури седум минути судиско продолжение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стапува во сила новата такса за работна виза за САД
Следна Статија Српска фолк-пејачка се најде во учебник по македонски јазик, во лекција за „Штетни информации“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Пулишиќ вечерва нема да настапи на дуелот против Австралија

Фудбалерот на САД, Кристијан Пулишиќ најверојатно ќе го пропушти натпреварот од второто коло против Австралија (натпреварот се игра вечерва во…

June 19, 2026
СПОРТ

На УФЦ спектакл: Нурмагомедов ја скрши дланката во првата рунда, а ги издржа сите пет (ФОТО)

Во саботата се одржа голема борба на настанот UFC 311 помеѓу Умар Нурмагомедов и Мераб Дваишвили, каде Грузиецот на крајот…

January 20, 2025
СПОРТ

Елмас се повреди против Латвија, ќе паузира шест недели

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас поради повреда нема да игра фудбал до крајот на годината. Елмас се повреди повреди во средата,…

November 19, 2024
СПОРТ

Лазаров: Ќе биде тешко да им парираме на Французите, но се надевам дека ќе нè потценат

Македонската ракометна репрезентација утре го игра последниот меч од втората фаза на Светското првенство (СП), а ривал ќе ни биде…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?