Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Мечки почнаа да се приближуваат кон населени места околу националниот парк „Шар Планина“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Мечки почнаа да се приближуваат кон населени места околу националниот парк „Шар Планина“
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мечки почнаа да се приближуваат кон населени места околу националниот парк „Шар Планина“

Објавено May 28, 2025 21:36
Сподели
Сподели

Во последните две недели, сè почесто се бележат случаи на приближување на мечки кон населени места во регионот на Националниот парк „Шар Планина“, информираат оттаму.

Овој феномен, според нив, е резултат на намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште.

За да се намали ризикот од несакани средби со луѓе и да се помогне за здравјето и безбедноста на овие важни жители на нашата планина, започнуваме иницијатива за симболична прихрана на мечките, на оддалечени и безбедни локации, далеку од населени места и планинарски патеки, велат од Националниот парк.

Бараат доброволни донации на јаболки и пченка од домашно потекло, со цел хранењето да биде што е можно послично на природната исхрана на мечката, која претежно е растително базирана.

Дистрибуцијата на храната ќе ја извршува Управата на Националниот парк, во соработка со волонтерска служба, во согласност со Програмата за заштита, одгледување и управување со дивечот, каде што се препорачува симболична прихрана како метод за следење и заштита на дивечот.

Од Националниот парк велат дека преку оваа акција:

– ќе се спречи несакано приближување на мечки до населени места.

– ќе се помогне во зачувување на нивната природна навика за исхрана.

– ќе се овозможи мониторинг на нивната бројност, здравје и старосна структура.

Прифатливи се само јаболкa и пченка од домашно производство, без хемиски третмани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Airbnb мора да отстрани 65.000 огласи во Шпанија
Следна Статија Политико: Сите вработени во Глас на Америка очекуваат оваа недела отказ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково

На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни,…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата за 30 дена ја продолжи кризната состојба за шумските пожари

Владата на одржаната 100-та седница донела одлука за продолжување на кризната состојба предизвикана од пожарите на отворено за 30 дена.…

August 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Не очекувам од нашиот источен сосед и да испрати поинаква порака. Тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Министерот за добро владеење Фетаи уште не е подготвен да зборува на македонски

Одговорите на новинарите заменик-претседателот за добро владеење во Владата на Мицкоски, Арбен Фетаи, утрово ги даваше на албански јазик, иако…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?