Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Монах на МПЦ ОА фрли анатема на вештачката интелегенција и ковид вакцините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Монах на МПЦ ОА фрли анатема на вештачката интелегенција и ковид вакцините
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Монах на МПЦ ОА фрли анатема на вештачката интелегенција и ковид вакцините

Објавено March 9, 2026 14:55
Сподели
Сподели

Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Јанковец кај Ресен, богослужбата за Недела на Православието предизвика силни реакции меѓу верниците. Причината е читањето на анатеми во кои, покрај традиционалните формулации од црковниот Синодикон, беа спомнати и современи теми како вакцинацијата против Ковид и вештачката интелигенција, објави Религија.мк

Игуменот на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Јанковец, јеромонахот Спиридон ги анатемиса сите кои користат вештачка интегенција, оние кои повикувале на вакцинација против Ковид и оние кои нема да му се покоруваат на Царот и кои ќе се бунтуваат против властите и ќе повикуваат на промени.

Се тоа убаво Јеромонахот го прочитал како дел од Синдиконот за Недела на Православието во Манастирот, а неколкумина верници собрани три пати во хор аминувале со Анатема! Анатем! Анатема!. Јеромонахот на МПЦ-ОА реши да си го промени текстот од Синодикото и да си го дополни со свои зборови кои нему му одговраат.

Анатемисувањето одело вака: „На гонителите на Христовата црква. Кои убиваат свештенослужители и разрушуваат храмовите божји, кои мачат браќа наши и ја сквернават нашата татковина и кои под присила принуда и уциени ги присилуваа да се вакцинираат против Ковид, нека е анатема. Во хор верниците одговораат: Анатема! Анатема! Анатема!.

Ако ова се преведе во реалност, тоа би значело дека покрај властите, МПЦ-ОА ги анатемиса сите лекари, научници, кои зборувале за пандемијата и опасноста од невакцинирање.

Но, тоа не е се. Спиридон поенитира со вештачката интелегенција, па вели: „На оние кои со магиите ги повикувата демоните и се поклонуваат и се надеваат на вештачката интелегенција, нека е анатема.

Интересен е и делот од анатемисувањет во кој се вели: „На оние кои не веруваат дека светите цареви на престолот се поставуваат по Божјо провидение и не веруваат дека миропозаманието врз нив не ја излева благодатат Божја и се бунтубваат и повикуваат на промени.. Анатема!… Народот Возвраќа: Анатема! Анатема! Анатема!.

Значи сите кои не веруваат дека власта е Божјо провидение и се дрзнале да бараат промени… се анатемисани.

Овај јеромонах во МПЦ-ОА е познат по своите скандалозни постапки. Беше монах во Лесново, од каде побегна, па едно време имаше информации дека е во Осогово, па и од таму замина и сега е во Преспанко-пелагонсиката епархија во манастирот крај Ресен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Nvidia Stock Is Rising Again after a 2% Gain on Wednesday — What’s Driving the Rally? – TipRanks
Следна Статија Индијан Велс: Ноле против Ковачевиќ, Сабаленка со Осака

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еве кои се пријавените кандидати за претседател на ДКСК, вкупно се 13

Тринаесет кандидати се пријавиле на огласот за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), информираат од собраниската…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: Борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена, тој е загрозен и внатре во самата држава

Аргументирано можеме да тврдиме дека официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е некаква “вештачка конструкција“, туку…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е чист понеделник, почнуваат Велигденските пости

За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до влашката заедница: Имате значајна улога во градењето на Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 23 Мај – Националниот дел на Власите. Тој вели дека влашката заедница има…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?