(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

- Advertisement -

Најмалку пет лица се повредени во напад со нож во близина на централниот плоштад Дам во Амстердам, соопшти полицијата. Според првичните информации, едно лице е уапсено, но се уште не е познат мотивот за нападот.

Полицијата го опколи плоштадот, а на лице место е и хеликоптер на брза помош, како и голем број на итните служби.

Локалните медиуми јавија дека најмалку 14 полициски автомобили и еден полицаец на мотоцикл се на местото на настанот.

Сподели ја оваа статија