Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Натпревар на годината на „Монжуик“ – Атлетико водеше 0:2, па Барселона 4:2, на крајот 4:4
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Натпревар на годината на „Монжуик“ – Атлетико водеше 0:2, па Барселона 4:2, на крајот 4:4
СПОРТ

(Видео) Натпревар на годината на „Монжуик“ – Атлетико водеше 0:2, па Барселона 4:2, на крајот 4:4

Објавено February 26, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Барселона и Атлетико Мадрид го одиграа мечот на сезоната во Шпанија. Во првиот полуфинален меч во Купот на Кралот, резултатот беше 4:4.

На „Монжуик“, Атлетико водеше 0:2, Барселона направи пресврт до крајот на првиот дел, а потоа поведе и со 4:2, а „јорганџиите“ во последните 10 минути постигнаа два гола. И повторно Барселона во судиското надополнување ја шокираше Александер Серлот.

Атлетико го отвори мечот со два гола во првите шест минути. Хулијан Алварез погоди во 47. секунда, а во шестата минута Гризман ја зголеми предноста.

Следуваше блиц-криг на Барселона, во 20. и 21.минута изедначија Педи и Кубарси. Младиот штопер во 62.меч за Барселона го постигна првиот гол во сениорскиот фудбал. До крајот на полувремето Мартинез го комплетираше пресвртот.

Барселона во првиот дел имаше две шанси, преку Феран Торес. Шпанскиот репрезентативец два пати беше сам пред голманот Мусо и не успеа да постигне гол.

Во вториот дел речисии да немаше возбудувања. Барселона го контролираше поседот, но без вистинска закана кон голот на противникот. А потоа нов спектакл во последните 15 минути.

Јамал ја измеша одбраната на Атлетико во 74.минута и му асистираше на Левандовски за 4:2.

Од тој момент гостите почнаа да играат. Во 84.минута Љоренте од 16 метри со мала помош на Гави го намали резултатот, а во 94.минута, Барселона си дозволи контра, Лино за Серлот за конечни 4:4.

Норвешанецот на 21.декември минатата година, во првенството го постигна голот за победа на Атлетико во 96.минута.

Реваншот на „Метрополитано“ во Мадрид ќе се одигра на 2.април.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
Следна Статија Украина се согласи на условите во договорот за минерали со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Бугарите ќе пукнат што Македонија е прва во групата за СП а тие последни

Весникот „Стандарт“ од Бугарија како да ѝ љубомори на фудбалската репрезентација на Македонија, па нејзината „петарда“ против Лихтенштајн и враќањето…

September 10, 2025
СПОРТ

Всeленски бродови: Погледнете на какви стадиони ќе се игра Светското првенство во Саудиска Арабија

Иако можеби 2034 година изгледа далеку, Саудиците ништо не оставаат на случајност.Тие веќе ги спремаат стадионите на кои ќе играат…

January 5, 2025
СПОРТ

(Видео) Зеленортските острови прв пат во историјата ќе играат на СП

Фудбалерите на Зеленортските острови го победија Есватини со 3:0 и се квалификуваа за Светското првенство во 2026 година. Оваа репрезентација…

October 14, 2025
СПОРТ

Пешиќ официјално на клупата на Баерн

Поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, официјално е назначен за нов тренер на Баерн Минхен. Како што вечерва…

December 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?