Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Најстарата личност на светот наполни 116 години: Ќе направи една отстапка само поради кралот Чарлс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Најстарата личност на светот наполни 116 години: Ќе направи една отстапка само поради кралот Чарлс
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Најстарата личност на светот наполни 116 години: Ќе направи една отстапка само поради кралот Чарлс

Објавено August 21, 2025 16:21
Сподели
Сподели

Британката Етел Кејтерем, за која се верува дека е најстарата личност на светот, денеска наполни 116 години.

Таа ќе го помине својот роденден „мирно“ со најблиските, за да може да ужива во овој ден „со свое темпо“, соопшти нејзиното семејство.

Кејтерем, која живее во дом за стари лица во Сари, како најстарата личност во Велика Британија, со 115 години, во мај стана најстарата личност на светот, по смртта на бразилската калуѓерка Ина Канабаро Лукас која го држеше тој рекорд, објави „Скај њуз“.

Родена во Хемпшир на 21 август 1909 година, таа е најмладата личност што е крунисана за најстара жена на светот од 2013 година.

Таа е исто така меѓу најстарите преживеани од коронавирусот, бидејќи била заразена на 110-годишна возраст во 2020 година.
Кејтерем го надживеа својот сопруг Норман, кој почина во 1976 година, како и своите деца, Џем и Ен, кои починале во раните 2000-ти, односно 2020 година.

Одбивајќи да дава изјави за медиумите, таа рекла дека секоја порака или контакт од кралот Чарлс ќе биде „нејзина единствена отстапка“, наведува „Скај њуз“.

На својот 115-ти роденден, таа добила писмо од кралот Чарлс Трети, во кое тој напишал дека е „охрабрен од фасцинантната лична приказна на Етел“.

Етел, која е втора најмлада од осум деца, е родена три години пред трагедијата на бродот „Титаник“ и осум години пред Руската револуција, пишува „Дејли мејл“.

Една од нејзините сестри, Гледис Бабилас, исто така наполни 100 години, родена е во 1897 година и доживеела 104 години.

Во соопштението објавено од нејзиниот дом за стари лица се вели: „Етел и нејзиното семејство се многу благодарни за сите љубезни пораки и интерес што ѝ ги покажаа додека таа го слави својот 116-ти роденден оваа година.

„Етел ќе го помине денот мирно со своето семејство за да може да ужива во него со своето темпо. Ви благодарам уште еднаш за вашите љубезни желби на овој посебен ден.“

Најстарата личност што некогаш живеела, колку што е познато, била Французинката Жан Луиз Калман, која починала во 1997 година на возраст од 122 години и 164 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве неколку совети за пониски сметки за струја
Следна Статија Месечината е во Лав: Три хороскопски знаци ќе бидат во центарот на вниманието каде и да се појават

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Измамник украл 22 тони чедар сирење, вредно над 300 илјади фунти

Британските медиуми објавија дека традиционалното англиско сирење Чедар вредно повеќе од 300.000 фунти било украдено со измама од трговец со…

October 27, 2024
ЗАБАВА

Тимберлејк откри дека боледува од лајмска болест: „Животот со ова е немилосрдeн“

Џастин Тимберлејк ја сподели со јавноста веста за својата здравствена состојба, откривајќи дека му била дијагностицирана лајмска болест. По две…

August 1, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Стивен Сигал снимен на воената парада во Москва

Актерот Стивен Сигал присуствуваше на денешната воена парада во Москва по повод Денот на победата, со кој се одбележува 80-годишнината…

May 9, 2025
ЗАБАВА

Туристки изеле пица и избегале од ресторан во Италија – сопственичката сама им влегла во трагата

Сопственичка на италијанска пицерија стана херој на социјалните мрежи откако лично ги пронајде и им наплати на двете туристки кои…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?