Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) „На, на, на, еј збогум“ – Белата куќа критикувана поради видеото со миграцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) „На, на, на, еј збогум“ – Белата куќа критикувана поради видеото со миграцијата
СВЕТ

(Видео) „На, на, на, еј збогум“ – Белата куќа критикувана поради видеото со миграцијата

Објавено April 7, 2025 14:49
Сподели
Сподели

Белата куќа се најде на удар на критики по објавувањето на видеото на кое се гледа депортацијата на илегалните мигранти со текстот „На, на, на, на, на, на, на, на, еј, еј збогум“ во заднина.

Видеото беше објавено вчера, а многу бргу предизвика бран негодувања на социјалните мрежи. Многу корисници го нарекоа дехуманизирање.

Не е првпат администрацијата на Трамп да меша депортации со поп-музика. Белата куќа пред неколку недели сподели уште едно видео. Текстот на песната е цитиран заедно со видеото, што е очигледна референција за затворање и заминување.

View this post on Instagram

A post shared by The White House (@whitehouse)

Но, членовите на бендот воопшто не биле задоволни од ваквата интерпретација на нивната музика. Бендот објави официјално соопштение во кое ја осудува употребата на нивната песна без дозвола и јасна порака до тимот на Трамп.

„Ние на кој било начин не ја одобривме употребата на нашата песна ‘Клосин тајм’“, напишаа „Семисоник“.

„Не нè ни прашаа. Песната е за радоста, за можностите и за надежта и целосно ја промашиле поентата“, додаваат тие.

Нивниот одговор бргу се прошири на социјалните мрежи и беше прегледан повеќе од седум милиони пати, со коментари за поддршка од многубројни фанови и музички колеги.

Многумина предложија бендот да поднесе тужба. Сепак, се чини дека тоа нема да се случи. Имено, Ден Вилсон, фронтмен и главен автор на песната, го продаде целиот свој музички каталог во 2021 година на „Прајмари вејв мјузик паближинг“. Тоа значи дека тие сега ги имаат правата на сите песни, вклучувајќи ја и „Клосинг тајм“, и на тој начин одлучуваат за можните правни чекори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таткото на Вања за обвинетите: Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, претежно мижам
Следна Статија Од полноќ минимално поевтинување на горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Ким Џонг Ун: 2025 година ќе биде „година на голема победа за руската армија и народ“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска во својата новогодишна честитка до рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Северна Кореја е…

December 31, 2024
СВЕТ

Европол: 41 процент од криминалните организации користат недвижен имот за перење пари

Организираниот криминал и криминалот воопшто заработуваат огромна сума на пари, додека конфискацијата на имотот стекнат со криминал во светот е…

January 22, 2025
СВЕТ

Швеѓаните почнаа да бојкотираат американски производи како одговор на промената на американската политика

Серија движења кои повикуваат на бојкот се одговор на промените во американската политика, вклучително и оние поврзани со руската агресија…

March 9, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Казнет турскиот министер за транспорт кој возел со 223 км/ч

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу е казнет за пречекорување на брзината откако на социјалните мрежи објави видео на кое…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?